Хроничната бубрежна болест од фармакоекономски аспект не чини милиони!
Објавено во: Колумни 07 Ноември, 2025 07:30
Автор: Филип Ачкоски, м-р по фармација, д-р по бизнис администрација, извршен директор во фармацевтска индустрија, медицински писател и здравствен едукатор со повеќе од 20 години искуство на пазарите во Југоисточна Европа. ТопЕдукатор.
ХББ: Тивка епидемија што ја празни државната каса
Хроничната бубрежна болест (ХББ) е меѓу најбрзо растечките хронични
заболувања во светот. Според Светската здравствена организација, секој десетти
возрасен човек има одреден степен на оштетување на бубрезите, а бројот на
пациенти со терминална фаза расте експоненцијално.
Во Македонија, каде што дијабетесот и хипертензијата се веќе ендемски проблеми,
хроничната бубрежна болест е здравствена и економска бомба со одложено дејство.
Епидемиолошка слика
Според податоци од Клиниката за нефрологија и од Фондот за здравство, се проценува дека:
· над 130.000 лица во Македонија имаат некој степен на хронично оштетување на бубрезите;
· од нив, околу 1.200 пациенти се на дијализа, а околу 70–100 пациенти годишно се кандидати за трансплантација.
Бројките не изгледаат големи – но финансискиот товар е астрономски.
Колку не чини хроничната бубрежната болест?
Според европските податоци, годишниот трошок за пациент со терминална бубрежна слабост (на дијализа) се движи меѓу 20.000 и 40.000 евра годишно. Во Македонија, според една анализа , годишниот просечен трошок за еден пациент на дијализа изнесува приближно 13.793 US$ годишно. Lippincott Journals
Тоа значи дека само за 1.200 дијализирани пациенти, Македонија троши над 15 милиони евра годишно — пари кои не вклучуваат превоз, хоспитализации, компликации или лекови за придружни болести.
Но тоа е само врвот на ледениот брег.
Раните фази на ХББ, кога болеста може да се стабилизира со превенција и
терапија, речиси не се третираат систематски. А токму таму се прават најголемите
заштеди.
Македонски контекст – многу дијализа, малку превенција
Македонија има релативно добра покриеност со дијализни центри, но нема
национална стратегија за рана дијагностика и превенција на бубрежна болест.
Пациентите обично се дијагностицираат дури кога бубрезите им работат со 10–15%
капацитет – кога е веќе предоцна за конзервативен третман.
Тоа ја претвора државата во „реактивен плаќач“, а не во проактивен
инвеститор.
Системот троши на дијализа, но не инвестира во зачувување на бубрежната
функција.
Од друга страна еден пациент кој добива навремена терапија за хипертензија
и дијабетес (главни причини за ХББ) може да ја одложи потребата од дијализа за
10 или повеќе години.
Што можеме да направиме?
· Национален скрининг-програм за ризични групи – дијабетичари, хипертоничари и постари лица.
· Ран пристап до современи кардио-ренални терапии.
· Едукација во примарната здравствена заштита за препознавање и следење на ХББ.
· Јавно-приватни партнерства за превенција и едукација.
· Внес на иновативни терапии на листата на ФЗОМ
Иновативните терапии како инвестиција, а не трошок
Последните години се појавија нови класи на лекови – како SGLT2 инхибитори
и некои GLP-1 агонисти – кои значително ја намалуваат прогресијата на
бубрежното оштетување кај пациенти со дијабетес и хипертензија.
Да, тие се поскапи од класичните терапии, но фармакоекономските студии
покажуваат дека:
· го намалуваат ризикот од дијализа за до 30–40%,
· ги намалуваат хоспитализациите,
· го продолжуваат животниот век и ја подобруваат продуктивноста.
Ова е класичен пример за вредноснo базирана медицина (value-based healthcare): повисок трошок на почеток, но голема заштеда на крајот.
Наместо заклучок
Денес Македонија плаќа милиони евра годишно за дијализа.
Но утре ќе плати уште повеќе, ако не го смени пристапот – од реакција кон
превенција, од цена кон вредност.
Хроничната бубрежна болест е тест за тоа дали здравствениот систем знае да планира
долгорочно.
И ако денес не ја направиме таа промена, утре нема да имаме само болни пациенти
– ќе имаме и болна економија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пари, моќ и одговорност - Mакедонската приказна за фискална децентрализација




