Пациентката од Дебар има значајно подобрување, но уште е непредвидливо
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Март, 2020 08:04
Нема нови случаи на заболени од коронавирус во земјава. Резултатите на седумте лица кои вчера беа тестиранин се негативни. Тринaесетте пациенти кои се сместени на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба.
Пациентката од Дебар која е на респираторна машина има значајно подобрување на параметрите по приклучувањето на механичката вентилација, но со сѐ уште непредвидлива прогноза. Сите други пациенти се со лесна клиничка слика, вклучувајќи го и 15 годишниот пациент. Првозаболената пациентка денеска ќе биде отпуштена од болница на домашно лекување.
Во меѓувреме се спроведуваат мерките и препораките за справување со коронавирусот. Целиот здравствен персонал во сите јавно-здравствени установи и приватни болници е мобилизиран и ставен на располагање, доколку е потребно да работат во здравствена установа каде што ќе биде потребно. Приватните болници ги ставија на располагање своите капацитети, вклучително и близу 70 легла за интензивна нега, со респираторни машини за оваа патологија.
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека во државава има 120 респиратори, најголемиот број – близу 90 се во Скопје.
Се одложуваат сите хронични пациенти кај кои интервенцијата може да се пролонгира. Се третираат само итните и малигните случаи кај кои исто така нема простор за одложување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





