19 Декември, 2025
0.0360

Пад на берзите, се чека одлуката на Шпанија

Објавено во: Свет, Финансии 02 Октомври, 2012 10:44

Добивај вести на Viber

По вчерашниот силен скок на европските берзн денеска тргувањето почнува со пад на цената на акциите поради несигурноста во врска со Шпанија и тоа дали ќе побара меѓувародна помош за совладување на должничката криза. „FTS Eurofirst индекс 300“ утрово падна за 0,6 % на 1.098 бода, по вчерашниот скок од 1,4%. Лондонскиот FTSE, франкфуртскиот DAX и парискиот  CAC индекс утрово во 9,30 часот беа во минус и тоа помеѓу 0,5 и 0,8%. Според Ројтерс, ако Шпанија не ја побара меѓународна помош, Европската централна банка нема да може да купува шпански обврзници на пазарот за да ја намали висината на задолжувањата. Инвеститорите се загрижени најмногу поради прашањето дали Шпанија конечно ќе одлучи да ја побара помошта за излез од кризата и како тоа ќе влијае врз нејзиниот кредитен рејтинг, велат аналитичарите. Исто така, се поставува и прашањето дали агенцијата Модус ке го намали шпанскиот рејтинг на „безвреден“. Меѓу најголемите губитници денеска се акциите на банките.  Цената на „Credit Agricole“ падна на 2,6 a „UniCredita“ 1,3 проценти. На токиската берза Никкеи, индексот е понизок за 0,1% или 8.786 бода, најнизок во последниве три седмици.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела