28 Октомври, 2024
0.0253

Пад на цените на електричните автомобили во Германија, просечната сега е помала од 40.000 евра

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Цените на електричните и класичните автомобили во Германија се се поблиску, но електричните автомобили и понатаму се поскапи. Во октомври разликата меѓу двата типа на 20 водечки модели значително се намали.

Според податоците од новото издание на редовната анализа на цените на Институтот за истражување на пазарот на автомобили (CAR), просечната цена на е-автомобил била 39.800 евра, за 6.600 повеќе од цената на бензинскиот мотор. Но, разликата е за 920 евра помала од претходниот месец, пренесува магазинот Феникс.

„Електричните автомобили поевтинуваат“, вели аналитичарот на CAR, Фердинанд Дуденхофер, оценувајќи дека трендот ќе продолжи и во наредните месеци, пред се поради построгите прописи за емисијата на CO2.

Производителите, имено, ја прилагодуваат својата ценовна политика на регулативите. Поради ова, некои важни модели на е-автомобили, како што се Opel Corsa, Mini Cooper и Tesla 3, веќе станаа поевтини.

Од друга страна, помала е веројатноста продавачите да даваат попусти на електричните автомобили. Така, купувачите на автомобили на бензин може да остварат рабат од 16,5 отсто, а на електрични автомобили од 12,6 отсто.

CAR ја зема само цената на трансакцијата за нејзината пресметка, односно она што клиентите всушност го плаќаат кога купуваат нови автомобили.


Можеби ќе ве интересира

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ БЕШЕ ОГРАБЕН, ПА КОМПЛЕТНО СЕ РАСПАДНА: А имаше десет фабрики во Америка и беше симбол на Југославија

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ БЕШЕ ОГРАБЕН, ПА КОМПЛЕТНО СЕ РАСПАДНА: А имаше десет фабрики во Америка и беше симбол на Југославија

ДАЛИ Е ТАЈНАТА ВО ПРОДАЖБАТА НА БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ, ИЛИ? - како чистиот профит на „Скопски пазар“ достигна 5,7 милиони евра за девет месеци

ДАЛИ Е ТАЈНАТА ВО ПРОДАЖБАТА НА БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ, ИЛИ? - како чистиот профит на „Скопски пазар“ достигна 5,7 милиони евра за девет месеци

Поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ нанижа три тендери со нова фирма

Поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ нанижа три тендери со нова фирма

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите