Падна дефинитивна одлука: Минимална плата 20.175 денари
Објавено во: Економија 13 Март, 2023 14:35
Сојузот на синдикати на Македонија објави дека завршила седницата на Економско-социјалниот совет, како последна инстанца, на која се донела дефинитивната одлука минималната плата која работодавачите треба да ја исплатат од овој месец да изнесува 20.175 денари.
- Одлуката за висината на минималната плата се носи токму на Економско-социјалниот совет, потоа се објавува во Службен весник, за да може работодавачите да ги усогласат платите кои ќе ги исплатат за месец март со одлуката, односно со висината на минималната плата, рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска претходно во видео изјава дадена во прес-центарот на МИА во Штип.
Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари, објави претходно и Владата. Ова значи дека граѓаните добиваат повисоки плати за над 2000 денари.
Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата.
Секоја година во месец март минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50 отсто од порастот на трошоците за живот и 50 отсто од порастот на просечната плата од измината година.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




