19 Декември, 2025
0.0806

Падна еврото во однос на доларот

Објавено во: Свет 20 Март, 2013 10:01

Добивај вести на Viber

На меѓународните девизни пазари во вторникот еврото продолжи да слабее во однос на американскиот долар, додека инвеститорите нервозно го очекуваа гласањето во кипарскиот парламент за контроверзниот данок кој повторно ги поттикна стравувањата од нестабилноста на еврозоната. Во однос на американскиот долар еврото падна за 0,14, отсто, на 1,2937 долари, што е во близина на неговото најниско ниво во последните три месеца од 1,2882 долари, ка коешто се спушти во понеделникот. Европската валута ослабе и во однос на швајцарскиот франк, и тоа за 0,3 отсто, на 1,2214 франка. Истовремено, еврото се задржа во близина најниското ниво во однос на британската фунта во последните пет седмици од 85,32 пени, на кое се спушти во понеделникот. Со еврото во вторникот се тргуваше по 85,64 пени. Американскиот долар во однос на јапонскиот јен беше во позитива од 0,13 отсто, па со него се тргуваше по 95,32 јени. „Неизвесните прогнози за Кипар вклучуваат и можност од домино ефект за членките на еврозоната, што би требало да даде притисоци врз единствената валута во блиска иднина", вели за Reuters Џос Манимбо, виш пазарен стратег во компанијата „Western Union Business Solutions". Еврото во вторникот кус период доби поддршка од најновиот индекс на довербата на инвеститорите во Германија. Соодветниот индекс на германскиот институт ZEW покажа дела довербата на инвеститорите во најголемата европска економија се стабилизирала во март. Од друга страна, новите вести од американската економија, вклучувајќи ги и податоците од градежниот сектор, му дадоа поддршка на доларот во однос на јенот.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја