15 Декември, 2025
0.1289

Паднати оџаци, испукани ѕидови, ресенчани почнаа да ги пријавуваат штетите

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2022 07:41

Добивај вести на Viber

Жителите на градот Ресен и околните села почнаа да ги пријавуваат штетите од земјотресите во општината.

На првиот ден откако стартуваше пријавувањето, поднесени се десетина барања, а рокот трае до 27 месецов. Граѓаните кои се обратиле до општината пријавиле штети на различни типови објекти, од домови, стари градби до магацини. Од локалната самоуправа велат дека и ден пред да почне пријавувањето, граѓаните се јавувале, прашувале, се интересирале за постапката.

„Потребно е имотот да е на нивно име за да пријават штета, да приложат имотен лист, копија од лична карта и трансакциска сметка. Пријавија штети луѓе од градот и од селата кои се блиску до границата со Грција.  Како ќе биде идните денови, останува да видиме. По неколку дена ќе имаме повеќе детали за штетите“, велат од Општина Ресен.

Жителите на Ресен велат дека иако се трудат да бидат смирени, сепак земјотресите не им даваат мир во овие студени зимски денови. Веќе неколку дена има земјотреси во овој дел од Македонија и во соседна Грција.

„Ние од Ресен и Преспа сме трпеливи луѓе по менталитет, но навистина луѓето се вознемирени затоа што веќе четири дена тресат земјотреси. Се случија земјотреси во текот на ноќта, но и дење. Имаше неколку куќи каде од силниот земјотрес паднаа оџаци, напукнаа ѕидови, и тоа се претежно постари куќи, или куќи каде не живее никој. Силниот земјотрес ако потраеше малку повеќе, сега ќе имаше поголеми материјални штети. Ваков силен земјотрес имаше во 1994 година, а послаби земјотреси се случувале и претходните години“, објаснува Љубе Пампулески, жител на Ресен.

Билсер Нефаил од Ресен објаснува дека силниот потрес со јачина од над 5 степени траел 10 секунди, се слушало крцкање, и делови од мебелот се поместувале.

„Не спиеме мирно сега. Конкретно на мојата куќа нема штети. Силниот земјотрес беше страшен. Имам една столна ламба и таа се поместуваше лево – десно. Го паметам и земјотресот од 1 септември 1994 година, затоа што тогаш полагав за возачка, и буквално дрвјата почнаа да се нишаат. Возев со страв тој ден, но го положив возачкиот испит“, вели Нефаил.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 9 до 15 часот. Барањето за пријавување штета граѓаните може да го добијат во Општина Ресен или на веб страницата www.resen.gov.mk. Врз основа на доставените барања, Комисијата од Општина Ресен, ќе изврши проценка на настанатите штети на терен по што ќе биде соодветно постапено.

Во соседната општина Битола, на првиот ден се поднесени стотина барања за обештетување. 

Сања Атанасовска

foto North Macedonia Timeless

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани