19 Декември, 2025
0.0394

Паднатиот авион на „Ер Азија“ немал дозвола за летање

Објавено во: Свет 05 Јануари, 2015 11:24

Добивај вести на Viber

Авионот на компанијата „Ер Азија“, циј „Ер Бас А0-200“ падна пред девет дена на патувањето од од Сурабија во Сингапур, немал дозвола од Министерството за транспорт на Индонезија да лета за време на кобниот ден, се вели во соопштение на министерството. „Сосема е јасно дека станува збор за прекршување на прописите бидејќи авионот немал дозвола за летање“, истакнал директорот за авиосообраќај при Министерството за транспорт, Џоко Мурјатмоџо, пренесуваат ликалните медиуми. Според неговиот исказ, Министерството во моментов истражува кој дал дозвола овој авион да полета. Тој потсетил дека летовите на компанијата „Ер Азија“ на оваа линија биле дозволени само во понеделник, вторник, четврток и сабота, а несреќата се случи во недела на 28 декември. Претходно, индонезискиот министер за транспорт Игнасиус Џонанм ги обвини пилотот на авионот бидејќи де ги видел информациите за временските услови пред летот. Меѓутоа, индонезиските пилоти тврдат дека обвинувањата на министерот се неосновани. Во отворено писмо до медиумите пилотите наведоа дека министерот измислува и дека брифингот на пилотите за временските прилики не се дел од задолжителната процедура за пилоти. До сега пронајдени се пет делови на леталото на морското дно во близина на брегот на Борнео, каде „Ер Бас А0-200“ се сруши со 162 патници и членови на екипажот по само 40 минути од полетувањето од вториот по големина индонезиски град Сурабија кон Сингапур. Во несреќата нема преживеани.  

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела