ПАЃААТ ЦЕНИТЕ ВО РОАМИНГ МЕЃУ ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН: Од октомври најмногу 18 евра за 1 ГБ
Објавено во: Економија 03 Октомври, 2023 10:38
Започна намалувањето на цените за роаминг меѓу Европската
Унија и Западен Балкан, што беше предвидено со декларацијата потпишана на
Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тирана на 6. декември 2022 година, соопшти Советот за регионална соработка.
Намалувањето на цените за роаминг официјално стапи во сила oд 1. октомври, а горната ценовна граница за еден гигабајт роаминг податоци во специјалните понуди и пакети, согласно Декларацијата за роаминг, не треба да биде повисока од 18 евра, се наведува.
Ова ќе ги направи меѓународните патувања и комуникации значително поекономични, наведува Советот за регионална соработка.
Во многу случаи, ценовното ограничување од 18 евра во специјалните понуди и пакети оди уште пониско, до 1,6 евра за гигабајт, додека три оператори од Западен Балкан - покрај цените во пакетот - ги намалија и редовните цени на топ -up услуги.
Како што е наведено, Декларацијата за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан ги намалува трошоците за мобилни податоци и ја поттикнува регионалната поврзаност.
- Оваа пресвртница доаѓа во време на политички тензии, економски превирања и постојано проширен опсег на климатски промени во регионот, со што се нагласува важноста на регионалната и евроатлантската соработка - рече генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.
Се истакнува дека декларацијата е насочена кон значително намалување на таксите за сообраќај на податоци во роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан. Целта е цената на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан да се доближи до домашните цени до 2028 година.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




