Пауло Коељо има совет за вас: Еве како да се изборите против стресот
Објавено во: Стил 08 Февруари, 2019 15:20
Најсилното оружје против стресот е нашата способност да избереме една мисла, а да отфрлиме друга.
-Вие сте единствената среќна личност која ја познавам“ му рекол еден човек на Вилијам Џејмс, американскиот филозоф и психолог. „Секогаш имате насмевка на вашето лице, дури и кога се соочувате со најголеми тешкотии“.
Ние ви пренесуваме пет моќни цитати од Пауло Коељо кои ќе ве натераат да преземете контрола над сопствениот живот и да бидете посреќни:
***- „Песимизмот води кон слабост, оптимизмот ни дава моќ“.
** *- „Најмоќното оружје против стресот е нашата способност да одбереме една мисла, а да отфрлиме друга“.
*** - „Однесувајте се на тој начин како вашето однесување да може да промени сè, бидејќи може“.
*** - „Здравиот разум и смислата за хумор се една иста работа, само се движат со различна брзина. Смислата за хумор, всушност претставува здрав разум кој танцува“.
*** - „Најголемото откритие на мојата генерација е дека човекот може да го промени својот живот, менувајќи го своето однесување“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





