ПАЈАКОТ „ПРОШЕТА“ ВО АВТОКОМАНДА: Се креваат непрописно паркираните возила
Објавено во: Македонија 19 Март, 2024
На социјалните мрежи, поточно во групата „Автокоманда“, граѓаните меѓусебно се предупредуваат дека денес Пајак службата ги крева непрописно паркираните возила.
Со оглед на тоа што во оваа скопска населба владее тотален хаос со паркираните возила бидејќи возачите воопшто не внимаваат каде ги паркираат, „пајакот“ ќе има прилично многу работа.