23 Јануари, 2025
0.0258

Пакомак: Нови контејнери за селективно собирање пластика и лименки во општина Кичево

Објавено во: Мои пари 14 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Соработката на компанијата Пакомак со единиците на локална самоуправа низ Македонија продолжува со донација на нови жолти контејнери за селективно собирање на амбалажниот отпад во општина Кичево. Подобрената инфраструктура и можност за селективно фрлање отпад е основа за да се има почист град. „Сега во нашиот град, имаме можност да го одлагаме отпадот од пакување на над 40 локации. Секако улогата на граѓаните и нивната еколошка свест не е помала. Но сепак сите заедно треба да придонесуваме за да имаме поубав и почист град, во кој и понатаму ќе сакаат да живеаат нашите деца“, смета градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари. “Пакомак и понатаму ќе продолжи со инвестиции во комунална инфраструктура во општината, како и во другите градови низ републикава, особено таму каде уште нема доволно контејнери за комунален отпад, ниту пак за селективно собирање. Наша цел е, се разбира во соработка со локалната самоуправа, таа слика да се смени и на различни локации за почеток да има барем по еден до два контејнери за амбалажен отпад, пред се ПЕТ пластична амбалаж, хартија и лименки, како и да се обезбедат специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат. Амбалажниот отпад учествува со 70% во волуменот на вкупниот отпад кој го фрлаат граѓаните. Тука е важна и улогата на граѓаните, кои треба да дадат свој личен придонес, односно  во одделна кеса да ги собираат пластичните шишиња, лименки и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, најчесто  жолт и син. Со тоа сите ние заеднички придонесуваме да имаме почиста земја, правејќи заштеда на природните ресурси, енергија и почва”, вели Филип Ивановски директор на Пакомак. Пакомак е најпосветениот колективен систем за управување со отпад од пакување во земјава, преку чиј систем поминува околу 40.000 тони амбалажен отпад годишно, од кој дел се рециклира, во земјава или во странство. Над 630 компании се членови во системот на Пакомак, и тоа пред се тоа се општествено одговорни деловни субјекти, кои покажуваат принципиелност во поглед на зачувувањето на животната средина. Минатата година над 9.000 тони амбалажен отпад кој не заврши на депониии беше однесен на преработка и рециклирање. Оваа година се планира да се собере и рециклира 15% повеќе од минатата година, а за да се задржи растот, неопходна е поголема поддршка од општините, институциите и пред се од граѓаните, кои во нивните домови со селективно собирање на амбалажниот отпад одделно од останатиот, ќе дадат свој придонес, сметаат од Пакомак.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД