„Палома Бјанка“ ќе облече барокно руво
Објавено во: Економија, Македонија 17 Август, 2016 09:21
Продолжува облекувањето на барокно руво низ центарот на Скопје и трошењето на милионски суми евра.
Последниот тендер е за промена на постоечкиот изглед на објектите на улица „Македонија“.
Всушност, Град Скопје ќе даде 70.475.222 денари, односно над 1,1 милион евра за да ја пресоблече предната фасада на зградата број 32, пренесе Билд.мк .
Во натпревар со пет градежни компании, тендерот за изведување на замислата за барокизација на надлежните го доби фирмата „Пелагонија“ од Гостивар.
Овој објект е еден од долгата низа згради во центарот на градот што ќе добие „стилска“ фасада. Поголем дел веќе се рефасадирани, а на дел се работи.
Градските власти деновиве распишаа оглас за избор на фирма што ќе го работи основниот проект за промена на надворешниот лик на деловниот комплекс „Палома Бјанка“. Проценето е дека за проектот ќе треба да се плати околу 7.000 евра според пишувањата на Утрински весник.
Реакции на архитектот и опозицијата
Како автор на архитектонската творба која била избрана на Конкурс, Трајко Димитров не може да си го заштити своето авторско дело. Димитров преку телевизиите и порталите повикува да се заштити неговата оригинална творба.
„Ние очигледно имаме апсолутна асистенција за решавање на политичката криза, да побараме асистенција од УНЕСКО и за проблемот на обезличувањето на Скопје“ посочува архитектот Димитров.
Опозицијата пак не престанува со реакции на барокните фасади кои веќе две години го облекуваат центарот на главниот грда.
„Ова е болно. Ова е еднакво на лудост. До сега на менување на барокни фасади се потрошени над 10 милиони евра. Ова неколкукратно зголемување на опфатот, овие нови бројни згради кои треба да се „пресоблечат“ во барок, ќе значат нови околу 50 милиони евра за раскошот и луксузот на Никола Груевски и Трајановски “-реагираат од СДСМ.
Надлежните, според замислата во централното градско подрачје планираат да ги променат постоечките фасади на минимум 70 објекти.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




