Паметен клима уред со најсовремена технологија - Hisense Energy Pro Plus
Објавено во: Општо 01 Јуни, 2023
Кога станува збор за чист воздух, не треба да се прават компромиси. Вашиот дом треба да биде здраво место. Секако, можете да ја заклучите вратата и да ги затворите прозорците за да го одржувате домот што е можно почист, но штетните бактерии и вируси сепак можат да го најдат својот пат во вашиот личен простор. Не грижете се, со помош на паметниот Hisense Energy Pro Plusинвертер клима уред можете да го одржувате воздухот што го дишете чист и, во исто време, да уживате во совршена удобност секој ден.
Причината зошто вие и вашето семејство ќе се чувствувате безбедно и удобно лежи во најсовремената технологија на Hisense, врвните перформанси и трајната доверливост. Hisense Energy Pro Plus инвертерклима уредот има моќ ефикасно да ги отстранува бактериите и вирусите од воздухот, вклучувајќи го и корона вирусот (COVID-19). Дополнително, тој автоматски се прилагодува на вашите потреби, овозможувајќи ви совршено чувство на топлина, дури и во зима кога температурите паѓаат под нулата. Ви ги претставуваме клучните карактеристики и придобивки од овој иновативенинвертер клима уред.
Чувствувајте се безбедно вдишувајќи прочистен воздух
Напредната Hi-Nano технологија на Hisense го штити вашиот дом создавајќи многу висока концентрација на позитивни и негативни јони, до 1 милион/cm3, кои имаат силен оксидативен и високо реактивен ефект. Овие јони се врзуваат за површините на бактериите или вирусите, предизвикувајќи ги да ја изгубат својата активност и на крајот да ги трансформираат во безопасни молекули на вода. Француската лабораторија Texcell*, глобална организација специјализирана за тестирање на вируси, покажа дека Hi-Nano технологијата може да го инхибира коронавирусот (COVID-19) за 93,54 проценти во рок од само два часа, осигурувајќи дека воздухот што го дишете е чист.
Чувствувајте се удобно во секое време
Покрај ефикасното чистење и прочистување на воздухот, Hisense Energy Pro Plus инвертер клима уредот има и паметна страна. Благодарение на модерната AI Smart функција со помош на SmartEye, автоматски ги прилагодува температурата, брзината на дување и влажноста според вашите потреби и активности. Без разлика дали вежбате, играте со децата или се релаксирате на софата, овој инвертер клима уред ви дава совршено чувство на удобност – без оглед на временските услови надвор. Со Hisense Energy Pro Plus инвертер клима уредот се одржува топлина во домот, дури и во најстудената зима кога температурата стигнува и до -22˚C благодарение на грејачот на надворешната единица кој не дозволува истата да замрзне.
Hisense клима уреди
Преземете ја контролата во секое време
Со паметната технологија доаѓаат и интелигентни решенија лесни за употреба. Поврзете го вашиот Hisense Energy Pro Plusинвертер клима уред на Wi-Fi мрежа и лесно можете да го контролирате преку апликацијата ConnectLife на вашиот паметен телефон. Можете да добивате информации за статусот на вашиот клима уред, да ја менувате температурата пред да стигнете дома или да се грижите за вашите миленици од далечина, да ги активирате функциите и многу повеќе. Апликацијата ConnectLife е компатибилна и со виртуелниот асистент на Google или со Alexa на Amazon, што значи дека за да ја промените температурата во просторијата, сега е доволно едноставно да го побарате тоа од вашиот виртуелен асистент.
Одржување на висока ефикасност и чист воздух
За да го продолжите векот на траење на вашиот клима уред, потребно е барем двапати годишно да ја користите функцијата за двојно самочистење. Со притискање на само едно копче, процесот на двојно самочистење на Hisense преку циклус на замрзнување и одмрзнување и високотемпературно сушење ги отстранува прашината, бактериите и маслото од единиците ефикасно и лесно за да се одржува клима уредот чист и безбеден.
Ако барате модерно, сигурно и ефикасно решение за ладење и греење, не барајте понатаму. Клима уредот Hisense Energy Pro Plus го има целиот пакет, бидејќи ви овозможува подобар и поздрав воздух, совршено чувство за удобност, паметни функции и уште попаметен, поедноставен начин на користење. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Hisense.
*Податоците за ефектите на Hi-Nano доаѓаат од податоци тестирани од TEXCELL и SGS во лабораториски услови.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.