28 Ноември, 2024
0.0268

Паметен телефон користат 92% од младите Кинези

Објавено во: Стил 17 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Околу 92% од Кинезите на возраст меѓу 18 и 30 години поседуваат паметен телефон, што е значително над просечната стапка од 67% на глобално ниво. Младите Кинези во посочената возрасна група се познати по својата љубов кон новите технологии. Процентот е исклучително висок, додека во исто време ова покажува дека Кинезите сакаат да комуницираат онлајн, пишува во новиот владин извештај. Во земјата има околу 270 милиони луѓе на возраст меѓу 18 и 30 години. Земјата е позиционирана како водечки производител на мобилни телефони, што и дава значителни конкурентски предности заедно со силниот раст на економијата. Овие фактори ја зајакнуваат популарноста на паметните телефони. Кина го надмина САД како најголем производител на паметни телефони пред две години. Близу 95% од произведените во Кина мобилни телефони ќе бидат „паметни уреди" во 2017-та година, покажуваат проекциите на аналитичарите. Компанијата „Yulong Computer Telecommunication Scientific“, производителот на телефоните „Coolpad“ е меѓу фаворитите при изборот на телефон во Кина.  Нејзини биле 11,6% од продадените паметни телефони во Кина во април, додека повеќето моделите на „Yulong“ чинат околу 163 долари.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.