16 Јуни, 2025
0.0268

„ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ КАКО АДВОКАТ ВОДЕЛ ПОСТАПКА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ЕДЕН ОД ОБЈЕКТИТЕ“: Јакимовски за пресудата за објектите на „Илинденска"

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2025 11:52

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, во врска со судскиот предмет за кој беше осуден на казна затвор од три години и шест месеци, оцени дека пресудата за легализација на четири објекти покрај „Илинденска"  е политичка.

Тој изнесе уште еден доказ, како што рече, за невиност во осудителната пресуда. Овие докази, нагласи, се однесуваат на постапката водена за легализација на четирите објекти што се наоѓаат покрај „Илинденска".

- Интересно е што легализацијата на еден од овие објекти ја водел како полномошник адвокат Панче Тошковски. Натаму, значи урбанистичката согласност овде гледате ја подигнал адвокат Панче Тошковски. Интересно  и натаму што е, на пресметката на комуналиите значи, документите потоа одат во Град Скопје, потпишан Александар Јанакиески. Тој е сега раководител на сектор за урбанизам во Гази Баба. Претходно бил раководител на сектор за урбанизам во Град Скопје, а претходно раководител на сектор во Општина Центар. Господинот адвокат сега министер Панче Тошковски, не го потенцирам за да го инкриминирам. Напротив, сакам да кажам дека ја познава одлично оваа материја. Тој не би поднел барање за легализација како полномошник на сопственикот, од причини што Тошковски заедно со Миле Јанакиески учествуваше во тимот што го изготвуваше законот за легализација, истакна Јакимовски.

Притоа  подвлече дека она што било најинтересно, било тоа што полномошникот Тошковски  имал доставено изјава заверена на нотар, од страна на сопственикот на објектот, дека објектот го поседува повеќе од дваесет години и дека објектот бил дивоградба.

- Значи сега имаме мртва трка. Меѓу оној што го чита законот и оној што го правел законот.  И сега треба да погодиме отприлика, кој подобро ја познава оваа материја. Ова е уште еден доказ дека во моментов оваа пресуда е само политичка и ништо повеќе. И ова само покажува дека кога е во прашање струка, тогаш адвокат Панче Тошковски совесно си ја завршил својата работа, бидејќи објектот имал право на легализација, нагласи Јакимовски на прес-конференцијата.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски на 23 април годинава беше осуден на три години и шест месеци затвор за две кривични дела злоупотреба на службена положба, а поранешен вработен во општината доби условна казна во траење од две години. За пресудата која не е правосилна  Јакимовски најави жалба.

Актуелен градоначалник на скопската Општина Карпош исто така минатата година се најде на црната листа на американскиот Стејт Департмент.

фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!