19 Декември, 2025
0.0717

Панче Тошковски уште еден политичар-бизнисмен, отстапи градежно-консултантска фирма за да биде прв полицаец

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2024 14:52

Добивај вести на Viber

Јавна тајна е дека речиси секој што покажува повисоки политички амбиции во Македонија, има големи шанси зад себе да има една или повеќе фирми, а таков во низата е новиот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во јавноста досега единствено беше познато дека е адвокат, но изминатата недела пред да биде изгласана новата техничка влада во Собранието, Тошковски ја препуштил својата фирма КЛК - Констракшн Ленд Консалтинг ДОО Скопје на друго лице да ја управува.

Од она што може да се пребара за оваа фирма, може да се заклучи дека Тошковски е „експерт“ за регулирање на недвижнини и консултант на ова поле. Може да се забележи дека од она што уште е сочувано во интернет базата на системот за јавни набавки, КЛК - Констракшн Ленд Консалтинг пред десетина години добивала тендери за консултантски услуги од областа на управување со градежно земјиште, за правно мислење и помош за управување со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, или пак само „консултански-правни услуги“. Најчесто договорни органи биле општините, а сумите се релативно мали.

Во самата биографија на Тошковски, поднесена до Собранието, пишува дека покрај тоа што е адвокат во чиј опис на работа влегуваат имотно-правните спорови, има положено испит за проценка на недвижен имот. Додека бил советник во Министерството за транспорт и врски, работел на акти во врска со градежното земјиште и земјишната политика, а таму членувал и во комисии за концесии и јавни наддавања за градежно земјиште. Бил член на одборот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор, а работел и како експерт за управување со градежното земјиште за Општина Илинден. Работел и на легализации на недвижнини за разни организации.

Тошковски е претседател на Комисијата за правни прашања на ВМРО-ДПМНЕ. Како адвокат, тој можеше да се види во судниците како бранител на дел од обвинетите во случаите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Освен во Кривичниот, Тошковски често беше и во Граѓанскиот суд каде што застапуваше членови и функционери на партијата во повеќе парнични постапки. Една од нив е и онаа во која министерката за одбрана Славјанка Петровска го тужеше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. 

Со 65 гласа „ЗА“ и 3 „ПРОТИВ“ Собранието вчера го изгласа новиот владин состав, кој ќе важи до одржувањето на изборите, односно до формирањето на новата постизборна владина коалиција. Техничката влада ќе ја предводи Талат Џафери, а Тошковски ќе биде министер за внатрешни работи на местото на Оливер Спасовски.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии