19 Декември, 2025
0.0540

ПАНИКА ВО ЧЕШКА: Анонимни уценувачи се закануваат со ебола!

Објавено во: Свет 30 Октомври, 2014 20:54

Добивај вести на Viber

Пораката што ги очекувала утрово на електронската пошта ги исплаши чешките функционери и направи да им преседне утринското кафе. Имено, анонимни уценувачи со пораката и се закануваат на целата земја со опасниот вирус ебола. Нивната порака гласела вака: „Ако не ни исплатите еден милион евра во биткоини, на јавните места во Чешка ќе пуштиме ебола, која ја донесовме директно од Либерија! Ако не одговорите на овој мејл, ќе испратиме соопштение до медиумите и ќе ги информираме луѓето на социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук и Јутјуб, за да видат дека чешката Влада воопшто не се грижи“. Функционерите добиле инструкции парите да ги поделат на три уплати - првата в понеделник, втората в среда, а третата - откако заканувачите ќе го предадат заразениот материја. Биткоин е електронска валута која често ја користат уценувачите во последно време, бидејќи на тој начин можат да примаат средства кои не можат да се замрзнат, затоа што валутата има шифрирана трансакција која овозможува анонимност. Чешката полиција тврди дека не излегле во пресрет на барањата на уценувачите и дека не ги сфатиле сериозно. „Го истражуваме овој случај како уцена. Но, тие само сакаат да создадат паника“, вели заменик-шефот на чешката полиција Зденек Лаубе. „Ширење на ебола во Чешка не е веројатно, затоа што и чешката клима не е погодна за ширење на оваа болест“, појаснува шефот на чешкиот санитарен оддел Владимир Валента. Детективите на чешката полиција откриваат дека уценувачите користеле софистициран систем за комуникации и оти е тешко да им се влезе во траг. Доколку сепак ги пронајдат, на уценувачите им се заканува затворска казна од 10 години.  

Можеби ќе ве интересира

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?