19 Декември, 2025
0.0787

Паника во Прага: На чешкиот министер му стигнало писмо со отров

Објавено во: Свет 20 Ноември, 2014 15:58

Добивај вести на Viber

На чешкиот министер за внатрешни работи во анонимно писмо во вторникот навистина му стигнало цијанид и тоа во количина доволно за да се убие, соопштил денеска Државниот институт за нуклеарна, хемиска и биолошка заштита во Чешка.

Анонимна пратка без пропратно писмо, само со капсули, стигнало во чешкото министерство во вторникот и било насловено лично до министерот Милан Хованец.

„Стигнала преку обична пошта од неименувана скандинавска земја. Од почетокот било сомнително и поминало низ стандардна контрола на обезбедувањето“, рекол вчера пред новинарите министерот Хованец.

„Во писмото имаше отров. Лабараториските тестови покажаа дека станува збор за цијанид во доволна количина да загрози живот“, соопштил денеска портпаролот на Институтот Радек Покорнијк.

Заканувачки анонимни пратки стигнале во септември и во чешката влада и претседателот Милош Земан, со порака дека станува збор за одмазда поради тоа што Чешка со праќање на муниција - иако е стара залиха, им помага на Курдите во борбата против Исламската држава.

Писмата до премиерот Бохуслав Соботки и претседатело Милош Земан, меѓутоа содржеле само безопасен бел прашок.

Министерот Хованец во праќачите на капсулите со цијанид ги гледа босовите на нарко мафијата, или исламските терористи, поради помошта на Курдите.

 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја