05 Декември, 2025
0.0415

Паниката меѓу Швеѓаните ја носиме ние доселениците, тие функционираат нормално: Македонка од Шведска за ситуацијата со коронавирусот

Објавено во: Стил 28 Март, 2020 14:24

Добивај вести на Viber

Во време на пандемија на коронавирус, во Шведска, премиерот Стефан Лафвен и Агенцијата за јавно здравје на Шведска го задржаа агресивното законодавство. Неговата влада сè уште дозволува собири на до 500 луѓе на исто место, додека рестораните и баровите остануваат отворени според построгите правила за хигиена. Студентите од универзитетите се испратени дома, но училиштата се отворени за децата.

До денес Шведска, која брои околу 10 милиони жители, има 2893 случаи на коронавирус, од кои 77 починаа, а 16 се излечени.

- Швеѓаните живеат речиси сосема нормално, совесно почитувајќи ги превентивните мерки. Сепак, паниката меѓу нив ја создаваме ние, доселениците- вели нашата соговорничка А.И. од Еслов, градче блиску Малме.

Таа за Женски Магазин вели дека сѐ функционира нормално, го носи секојдневно синот во градинка, но сепак не може да каже дека не е воопшто исплашена, со оглед на целата ситуација во светот, но одржувањето на основната хигиена прави да се чувствува посигурно.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: