Пановски: Ме плаши зошто е потребно одеднаш да се укине полицискиот час
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Мај, 2020
Доктор Никола Пановски за Телевизија 24 изјави дека од медицински аспект не е логично во овој момент целосно да се укинува полицискиот час.
Како причина го наведе ризикот од организирање на забави и поголеми дружби особено на помладите лица.
„Сметав дека и порано требаше да се донесе скратување на полицискиот час со зголемување на денот од 21 или 22 часот да биде. Мене ме плаши зошто е потребно сега одеднаш да се укине полицискиот час во услови кога имате млади луѓе затворени скоро 3 месеци, поволни временски услови идеални за организирање забави или поголеми дружби со враќање во 5 сабајле и слично“ - вели Пановски.
Вчера се однесе одлука, со која од денес повеќе не важи полицискиот час.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.