Парадокс: „Бојкотирам“ ја нагрди Порта Македонија, државата ја чистеше
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2018
Активисти на движењето „Бојкотирам“ за неизлегување на референдумот на 30 септември на една недела пред неговото одржување испишуваат пораки на приватни и јавни објекти, а не беше одмината ниту Триумфалната капија, за која имаше многу реакции кога Шарената револуција ја бојадисуваше.
Екипа веднаш беше испратена да ја чисти „Порта Македонија“, на која беше испишан слоганот „Бојкот“. Не е познато од која институција беше испратена екипата за санирање.