02 Мај, 2024
0.0246

Парадоксот на пазарот на обврзници во САД

Објавено во: Анализа 17 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Една од најголемите опасности за пазарите во моментов се обврзниците. Главната опасност е тоа што никој не може да предвиди што ќе се случи доколку цените продолжат да паѓаат и нормално приносите почнат да растат.

И тука доаѓаме до парадоксалноста на ситуацијата. Решавањето на еден проблем, отвара друг проблем што всушност е првичниот. Класична Квака 22. Еве зошто: Растењето на каматните стапки само по себе би требало да значи затварање на едно поглавје во кризата. Централните банки нема потреба повеќе да интервенираат и поради тоа нормално е цените да паднат и приносите да пораснат. Но, ако тоа се случи билансите на сите оние што држат обврзници (а нив ги има многу) ќе бидат силно погодени и ќе настанат нови загуби. Ова како резултат ќе предизвика големи загуби и веројатно повторно намалување на кризата и корекција на берзите. А ако берзите се корегираат драстично тогаш, што воопшто е средено. Тоа ќе значи повторно нова криза. Затоа сите сакаат статус кво ситуација. За жал таа не  е можна. Колку и Бернанке да убедува дека вечно ќе ги држи каматите на нула, во некоја точка ќе мора да ја смени политика. За доброто на светот можеме да се надеваме дека во меѓувреме работите нема да одат вака килово, туку ќе видиме реално опоравување на терен. Но, пазарите стануваат нервозни и минатиот месец беше четвртиот најлош за обврзниците во САД. Ова како што кажавме значи дека нивните цени паѓаат и нивниот принос расте. Во 1994 година во една ваква слична ситуација ФЕДот се одлучи да ги зголеми каматите и цените на обврзниците паднаа, но тоа се случи парарелно со цените на акциите. Денеска сите се плашат од ова сценарио. Оптимистите зборуваат за голема ротација која треба да значи алоцирање на активите од обрзници во акции, но дали е тоа само сон имајќи ги во предви веќе надуените цени на акции. Ваквото сценарио можеби за светот е најдобро, но навистина е многу тешко да се оствари така како што е замислено. Приносот на американската 10 годишна обврзница е околу 2,3%. Доколку истиот дојде до 2,75% тоа ќе значи пораст на приносот од 50%. Ова е тоа што ги плаши сите, бидејќи историјата покажала дека кога приност на оваа обврзница од дното пораснал за 50%, историски гледано берзите доживувале силни шок корекции од 15 до 45%. Токму затоа стравот е толку голем. Редакција Фактор