19 Мај, 2024
0.0291

Парцелите се наши, не може паркови: Новомаалци си ги бараат зградите спроти Холидеј ин

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Општина Центар да се повлече од идејата за суспензија на ДУП-от или каква било друга активност со која би ја спречила изградбата на проектот Гранд, бараат жителите на Ново Маало,откако вчера Министерството за транспорт и врски изјави дека не е утврдена никаква штета по јавниот интерес.

„Дали општината ги утнала елаборатите или не, за нас тоа апсолутно нема значење, основ за суспензија нема. Затоа, ние бараме од институциите повеќе да не си ја префрлуваат топката и ова прашање да се затвори, а ние да го добиеме она што ни следува и според Уставот и според Законите. Половина век се бориме да ги оствариме нашите права и сега конечно имаме инвеститор со кој ќе добиеме живеалишта достојни за 21 век. Сите оние кои ги спорат условите во кои се живее во Ново Маало, слободно можат да дојдат и да видат дали во 21 век се живее со септички јами, прокиснати кровови и кал до колена, велат новомаалци.

Од Министерството за транспорт и врски на брифинг вчера соопштија дека Општина Центар не доставила правилни елаборати за суспензија на деталните урбанистички планови и не докажала дека тие имаат штета по јавниот интерес.

Од Комисијата која ги разгледувала елаборатите истакнале дека елаборатите биле правени по погрешен член од Законот за урбанистичко планирање.

„Уште еднаш ги потсетуваме и институциите и јавноста која бара паркови на наши парцели дека правото на сопственост е уставно загарантирано право. Никој освен нас не може да одлучува за тоа што ние ќе правиме со нашите имоти. Ова се приватни парцели, приватен имот. И според ДУП и според ГУП на оваа локација се превидени станбени згради и деловен простор, тоа и ќе се гради. А што се однесува до јавно зеленило, да и тоа ќе го има, и тоа многу повеќе од она што го има сега, односно над од 6000 м2 само на парцела 1.1. Сега има само распукан асфалт и ништо друго, а оваа локација која е во срцето на градот, за жал е едно големо ругло и срам за една метропола, велат жителите на Ново маало.



Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична