20 Април, 2024
0.0383

Пари од небо, благослов или проклетство?

Објавено во: Стил 07 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Не се посакувајте некои работи, може да Ви остварат. Супер точна реченица во секој поглед. Сите ние сонуваме да добиеме на лото или некој роднинина што не знаеме дека постоел да не изненади со наследство, што и да е само да ни ги реши нашите животни проблеми. Психологијата на луѓето е таква да многу тешко се справува со некои големи шокови како ненадејното добивање на големи суми пари. Таквото неснаоѓање не е карактеристично само за одредени, раси или народи, туку пред се има врска со социо-екномските услови во кои луѓето функционирале пред да го добијат тоа богатство. Доколку имате време обидете се да го најдете и да го погледнете фенмоменалниот документарец “Broke” на ЕSPN, дел од фантастичниот серијал 30 за 30 (спортски документарни филмови). Во овој документарец се зборува за еден интересен феномен кој достигнува рамки на епидемија. Се започнува со тезата дека преку 70% проценти од играчите во НФЛ (професионалната рагби лига) банкротираат неколку години по завршувањето на нивната кариера. Млади деца кои потпишуваат милионски договори и мислат дека светот станува нивен, всушност потенцијално влегуваат во пеколот на еврејската поговорка да имаш па да немаш. Просечни луѓе со просечни примања добиваат чекови вредни неколку милиони долари. Оддеднаш може да си дозволат се што ќе посакаат, но очигледно психолошкиот товар на големите пари е преголем. Финансиски неписмени овие луѓе ги трошат парите не се и сешто во основа на глупости, а доколку нивните трошења не се доволни на грб им закачуваат сите роднини и пријатели кои не знаат дека ги имале. Документарецот е исполнет со полно сведоштва за тоа како еден НФЛ играч во даден момент издржувал пет семјства. Без никаков план и идеја што ќе прават ако се повредат или кога ќе им заврши кариера играчите трошеле како парите да доаѓаат од бунар без дно. Несомнено е дека играчите парите си ги заработиле, цел живот тренирале за тоа што го добиле. Сепак трансферот од нула до неколку милиони е премногу брз и за тоа донекаде е споредлив со добитниците на лото. Играчите од НФЛ го имаат сличниот синдром како добитниците на лото. Делува дека за луѓето не е добро да им се случат нагли финансиски пресврти доколку не се спремни за тоа. Во продолжение прочитајте за неколкуте приказни за добитници на лото во САД. Ендру Џексон Витакер – доби премија од 314 милиони долари. Реши да плати 114 милиони долари данок и ги зема сите пари. Среќата му заврши тука. На коцкање ги потроши останатите пари и за четири години банкротираше. Инаку беше паметен во автомобил да чува 700.000 долари, кои му ги украдоа. Проповедникот Били Боб Харел, веројатно се молел за лото и молитвите му беа ислушани во 1997 година кога доби 31 милион долари на лото. Човекот не можеше да каже на сите луѓе кои бараа пари од него. На крајот сите тие го банкротираа, се разведе и живото го заврши со самоубиство. Денис Роси се разведуваше кога доби на лото 1,3 милиони долари. Процедурата за развод си заврши, но таа на никого не кажала за нејзината добивка. Нејзиниот сопруг дознал дека нешто се случува и судот на крај на него му ги додели сите пари. Џералд Мусвагон освои 7 милиони долари на лото. За 10 години ги потроши сите по дискотеки и жени. На крај се пресели во гаражата на неговите родители, каде што се обеси. Доколку и на Вас ви се насмее среќата, пазете што ќе правите ! Редакција Фактор  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган