ПАРИ ВО МАГЛА: Дали ЕЛЕМ треба да гради рајски градини или термо и хидро централи?
Објавено во: Економија 13 Мај, 2016 08:49
Ако се земе предвид вредноста на некои од досега изградените енергетски објекти или пак, на оние во најава, произлегува дека наместо Македонија да изгради сопствени капацитети за производство на струја – девизите се “фрлале во магла”, или во рајски градини.
Постои цела низа на планирани а неизградени објекти, од различни причини. Не се изградија централите Чебрен и Галиште, Бошков мост, не се модернизираше ТЕЦ Неготино, Луково поле, Вардарска Долина, бавно одеа најавите за отворање на рудници за јаглен, а за гасификација се одвојуваа едвај по неколку милиони евра годишно.
Исто така, за споредба што се може да се изгради со парите фрлени на увоз на струја е деценискиот проект ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, за кој со години Владата никако да најде инвеститор. Овие најголеми хидроцентрали на Црна река се проценуваат на половина милијарда евра.
Пресметките покажуваат дека и еден капацитет како РЕК Битола на пример кој снабдува речиси две третини од Македонија не чини повеќе од 700 – 800 милиони евра.
Низа енергетски инвестиции кои со децении се ставаат во листата на приоритети на Владата, никако да дочекаат реализација. Напротив, парите потребни за нивна изградба (и некој заем од Меѓународна финансиска институција) се заменуваа со скап увоз на струја од кој Македонија само краткорочно ги задоволува потребите, а Македонија се уште останува зависен нето-увозник на струја.
Во такви услови се чинат оправдани реакциите на граѓаните и здруженијата кои бараат да се преиспита изградбата на рајската градина.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




