19 Декември, 2025
0.0497

Пари за одмор нема, ама сметки редовно се плаќаат! Какви потрошувачки навики имаат македонските семејства?

Објавено во: Економија 15 Мај, 2013 09:03

Добивај вести на Viber

Државниот завод за статисика спроведе анкета за приходите и условите на живеење на македонските домаќинства. Податоците се за 2010 година и ги отсликуваат потрошувачките навики на семејствата во земјава. На прашањето дали вкупните месечни приходи ги задоволуваат секојдневните потреби, 38,7% од домаќинствата одговориле  многу тешко а само 2,9% одговориле дека лесно ги задоволуваат. Дури 72% домаќинствата во земјава не можат да си дозволат еднонеделен одмор во текот на годината, пресметала државната статистика. Јадење со месо, риба или соодветно вегетеријанско јадење не можат да си дозволат половина од македонските домаќинства. Интересен податок е што и во отежнати услови за живеење, домаќинствата во земјава се совесни и редовни плаќачи на обврските. Според анкетата на Државниот завод за статистика, повеќе од половината не изостануваат со плаќање сметки за комунални услуги, 66% од домаќинствата немаат потешкотии при плаќањето на сите сметки,  а дури 90% од македонските семејства навреме ги сервисирале ратите од кредитот земен за купување или реновирање стан, а навреме плаќале и кирија. Ваквите одговори донекаде се и логични ако се земе предвид податокот дека компаниите- даватели на услуги во земјава исклучуваат за две неплатени сметки, а високите казнени камати придонесуваат да биде голем процентот на редовно лаќање на ратите за кредит. Телевизор и телефон има секое домаќинство, автомобилот и лаптопот се уште се луксуз Автомобил и лаптоп се дел од средствата кои се уште се луксуз за најголемиот број македонски семејства. Државната статистика пресметала дека само 48% од домаќинствата поседуваат автомобил, а 50% имаат дома персонален компјутер. Телевизор во боја има речиси секое домаќинство, а телефон дури 91% од домаќинствата. Машина за перење алишта пак, дома имаат 89% од семејствата. Када или туш имаат 88% од домаќинствата а внатрешен тоалет 87%. Иако агенциите за недвижности коментираат дека расте бројот на граѓаните кои бараат станови со долгорочни договори за закуп, статистиката покажува дека 63% од домаќинствата во земјава живеат во единечна семејна куќа, каде што повеќето се сопственици, што е сепак добар податок за разлика од други земји каде што повеќето домаќинства живеат под кирија.Податоците на Евростат покажуваат дека над една четвртина од населението во Унијата живее во изнајмени домови, при што во поразвиените земји, процентот на граѓани што се сопственици на своите домови е помал, отколку во помалку развиените земји. Македонските домаќинства имаат на располагање 3.000 евра годишно Статистиката пресметала и дека во земјава, годишно, во просек, едно семејство во урбаните средини има на располагање 3 илјади евра и тоа е во главно приход од плати, додека во руралните средини, семејствата имаат на располагање 1.700 евра при што доминираат приходите од самовработеност што се должи на големиот број земјоделски активности. Исто така разлика има во приходот од примени приватни трансфери кои се двојно повисоки во руралните отколку во урбаните средини. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?