20 Март, 2023
0.0234

Парленд хоспиталити груп ги отвори вратите за студентите од Универзитетот Гоце Делчев во Штип

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Паркленд хоспиталити груп, потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за туризам и бизнис логистика (ФТБЛ) при Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип.

Целта на оваа соработка е студентите да добијат практично искуство од областа на туризмот, хотелиерството и гастрономијата, во еден од најдобрите хотелско-угостителски објекти во земјава.

Од Универзитетот велат дека оваа соработка ќе да донесе практична димензија на теоретскиот дел од наставата во практична успешна работа.

Меморандумот го потпишаа Горан Ташков, генерален директор на Паркленд хоспиталити груп, деканката на Факултетот проф.д-р Татјана Бошков и раководителката на Катедрата Бизнис логистика доц.д-р Анета Стојановска-Стефанова.

- Преку овој меморандум, ќе се вклучиме во значајна размена на искуства и знаења, овозможувајќи им на студентите да стекнат вредни сознанија за најновите трендови, практики и техники во оваа област. Големо задоволство е да се работи со студенти, да го пренесеме нашето искуство и притоа да придонесеме за развојот во оваа индустија која несомнено постојано се менува и расте.  Секое вложување во образованието е влог во иднината. Со нетрпение ги очекуваме студентите во нашиот хотел и посакуваме дел од нив еден ден да бидат и наши колеги, вели Ташков, генерален директор на Паркленд хоспиталити груп.

Деканката проф.д-р Бошков изјави дека дека заедничка цел е да се едуцираат, мотивираат и заедно со Парленд хоспиталити груп да генерираат квалитетни кадри.

-  Меморандумот е одлична основа да се зголеми практичната димензија на наставата на нашите насоки, но и да се креира простор за заеднички апликативни и стручни проекти помеѓу професорите и компанијата. Преку оваа соработка во иднина создаваме можност за пренесување искуствени знаења и за вработување на нашите студенти”- изјави раководителот на Катедрата Бизнис логистика при ФТБЛ, доц.д-р Стојановска-Стефанова.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Новите линии на Samsung Neo QLED и OLED телевизори од сега се достапни за преднарачка со неверојатни подароци

Новите линии на Samsung Neo QLED и OLED телевизори од сега се достапни за преднарачка со неверојатни подароци

А1 Македонија е добитник на наградата Best Buy за најдобар сооднос на цена и квалитет за мобилен интернет

А1 Македонија е добитник на наградата Best Buy за најдобар сооднос на цена и квалитет за мобилен интернет

ЕЛЕКТРАНИТЕ И ФАБРИКИТЕ НА ФЕРО ИНВЕСТ - ДЕЛ ОД СТУДИСКАТА ПОСЕТА НА СТРАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПРОГРАМАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

ЕЛЕКТРАНИТЕ И ФАБРИКИТЕ НА ФЕРО ИНВЕСТ - ДЕЛ ОД СТУДИСКАТА ПОСЕТА НА СТРАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПРОГРАМАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

ПРИЛЕПЧАНЕЦ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 18.936.936 ДЕНАРИ

ПРИЛЕПЧАНЕЦ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 18.936.936 ДЕНАРИ

Наградени најдобрите работници на „Sport Life“ за 2022 година

Наградени најдобрите работници на „Sport Life“ за 2022 година

„САКАМ ДА РАБОТАМ“ ДО „АНТИКОЦКАЊЕ“: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?

„САКАМ ДА РАБОТАМ“ ДО „АНТИКОЦКАЊЕ“: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?

МТЕЛ со донација за Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово

МТЕЛ со донација за Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска 93,11 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска 93,11 евра за мегават час