17 Декември, 2025
0.0561

Партии од регионот го поддржаа Ердоган за претседател на Турција

Објавено во: Балкан 25 Јули, 2014 20:11

Добивај вести на Viber

Претставници на повеќе политички партии од регионот упатиле писмо со поддршка на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кој се кандидираше на претстојните претседателски избори во Турција. Како што објавија турските медиуми, повикувајќи се на информации од Изборниот штаб на Ердоган, претставниците на неколку партии од Македонија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Косово го испратиле писмото во кое се заблагодаруваат за поддршката што Ердоган му ја дава на регионот во изминатите 10 години. „Во нашите срца и срцата на нашите народи, токму како и во срцата на сите загрозени и обесправени луѓе на светот, врежавте неизбриѓлива трага и таму ќе останете“, било наведено во писмото, што меѓу другите го потпишал и претседателот на Демократската партија на Турците во Македонија Кенан Хасипи. Освен него, потпис ставиле и претседателот на Бошњачката партија во Црна Гора Рафет Хусовиќ, основачот и претседателот на Народната партија на честа и слободата во Бугарија Касим Дал, претседателот на Демократската народна партија на Косово Махир Јагчилар и пратеникот во грчкиот парламент Ахмет Хаџиосман. Владејачката турска Партија на правдата и развојот на 1 јули соопшти дека Ердоган е нејзин кандидат за претседателските избори. Првиот круг од изборите ќе се одржи на 10 август и тоа ќе биде првпат, турските граѓани да бираат претседател на избори. Досега шефот на државата го избираше турскиот Парламент.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни