Партиите се против патоказот на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 29 Март, 2017 15:13
СДСМ и останатите партии од албанскиот блок кои се дел од парламентарното мнозинство го отфрлија патоказот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, не може ВМРО-ДПМНЕ, која е виновна за политичката криза, во земјата да биде дел од нејзиното решавање.
Алијансата за Албанците е против патоказот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во него се наведува парламентарните партии во иднина сами да ги решаваат проблемите без мешање на странски фактор.
„Против сме затоа што ова има за цел да ја наруши Македонија и да ги наруши односите со странските пријатели. Морам да истакнам и дека оваа гарнитура има за цел да ја изолира државата“ - изјави пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди.
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера го презентираа патоказот во кој се наведени пет точки во прашална форма со цел како што соопштија, пронаоѓање одржливи решенија. Точките се однесуваат на праксата за коалицирање победник со победник, потоа дали се прифатливи странските агенди, како што велат во внатрешно политички цели, како и дали изборот на претседател на Собранието треба да биде од коалицијата или од партијата победник и дали сите политички актери се за задржување на мултиклутурниот модел и дали приоритет е стабилизацијата на земјата или тоа треба да се замени со редифинирање на односите меѓу заедниците.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




