07 Декември, 2025
0.0622

Партиски профил на ВМРО-ДПМНЕ стана директор на четвртиот најголем рудник во Македонија

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

По само 100 дена од работењето на новата власт, ултра партиски профил на ВМРО-ДПМНЕ стана директор на четвртиот најголем рудник во земјата.

Поранешниот градоначалник на Пробиштип во два врзани мандати, Тони Тоневски, е назначен за директор на „Булмак 2016“ на местото на скопјанецот Гоце Мојсоски. Како втор директор останува Илија Горанов Илијев од Софија.

Рудникот за олово и цинк од Пробиштип и Крива Паланка, кој ги има рудниците Злетово и Тораница, а е под концесија доделена на бугарскиот Минстрој Холдинг, е четврт најголем во Македонија по Саса, Бучим и Боров Дол. Минатата година остварил приходи од околу 36 милиони евра и добивка од 2.175.000 евра.

Тони Тоневски беше на чело на општината од 2009 година кога го освои првиот мандат.  Во 2017 загуби од Драган Анастасов. Тоневски потврди дека е претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип, а на директорската функција доаѓа од јавниот сектор.

- Пред да бидам назначен на оваа функција, од 2017 година па сѐ до неодамна, ја извршував функцијата на технички директор во Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности Хидросистем „Злетовица“ - Пробиштип, претпријатие кое е клучно за водоснабдување на градовите во источниот дел на Македонија, ни рече тој.

Во меѓувреме ни ги претстави и своите планови и амбиции како нов раководител на „Булмак 2016“. Тоневски вели дека приоритет ќе му биде да се имплементираат новите технологии и подобрувањето на ефикасноста во производството, како и грижата за животната средина.

- Мојата позиција во БУЛМАК 2016 вклучува управување со комплексните процеси на ископ и обработка на рудата, со цел да се обезбеди максимална ефикасност и одржливост во работењето на рудниците.  Стручноста како рударски инженер ми овозможи да развијам длабоко разбирање на рударските процеси. Уште пред да го преземам мандатот како градоначалник на општина Пробиштип, имав можност да работам на повеќе позиции во рудникот „Злетово“, меѓу кои и како Генерален директор на рудникот. Тоа искуство ми помогна не само во техничките аспекти на рударската индустрија, туку и во управувањето со големи тимови, комплексни процеси и стратешки развојни планови, изјави Тоневски.

Во Булмак 2016 работат околу 800 рудари. Според претходно објавено од сопственикот, просечна месечна плата во овој рудник е над 1.000 евра, а месечна експлоатација на руда достигнува и до 2.700 тони. Минстрој Холдинг покрај даноци, плаќа и за концесија за експлоатација на минерали. Компанијата „Булмак 2016“ е меѓу 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои се наоѓаат на слободниот пазар и кои учествуваат заедно со 20 отсто во вкупната потрошувачка на струја во земјата..

За Тоневски е познато дека дипломирал на рударско-геолошкиот факултет во Штип. Има работено како инжинер во рудникот Злетово, а во 2002 година таму стапува на функцијата генерален директор. Опишан е како успешен приватен стопанственик и претприемач, а од 2006 е претседател на управен одбор на Јавното претпријатие ХС Злетовица. Од 2008 до 2009 е директор на Управата за водостопанство во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а потоа станува градоначалник на Пробиштип.

А.К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени