20 Декември, 2025
0.0720

Патишта, универзитети и аеродром – Штип ќе стане монденски град

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2013 19:00

Добивај вести на Viber

Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска свечено го пуштија во употреба целосно реконструираното подрачно училиште „Тошо Арсов“ во населбата Македонка во Штип. Премиерот Груевски истакна дека инвестирањето во образованието е темелна определба на Владата и дека тоа е единствениот пат кој на секој млад човек ќе му ги отвори вратите на животот, а воедно и пат кој ќе и обезбеди напредок на државата. Изминатиот период, додаде, Владата инвестираше во повеќе училишта меѓу кои основните „Гоце Делчев“, „Димитар Влахов“, средното „Сергеј Михајлов“, средното училиште со посебни потреби „Искра“, СУ „Коле Нехтенин“, се реконструираше и фискултурната сала во СУ „Славчо Стојменски“, како и училишната сала во ОУ „Гоце Делчев“. - Продолжуваме со инвестиции во Универзитетот „Гоце Делчев“. Денес ги пуштивме во употреба новите лаборатории за радиофармација, лабораторија за животна средина и лабораторија за микроскопија на овој Универзитет, а во истиот дух ќе продолжиме и понатаму, рече Груевски. Пред жителите на приградската населба Македонка соопшти дека градежната фирма избрана за изградба на автопатот Миладиновци – Штип најави изградба на 23 февруари, а исто така новата клиничка болница ќе се гради во јануари или февруари идната година. Премиерот ја најави и изградбата на втората фабрика во ТИРЗ која, како што рече, ќе ја гради хрватска фирма. Штип и источниот регион во 2020 година ќе го добијат и карго-аеродромот. Според министерот Ристовски, реконструкцијата на подрачното училиште „Тошо Арсов“ во населбата Македонка е завршена благодарние на ангажманите на градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии