ПАТНИЦИ И ВОЗИЛА: На кои два гранични премини имало најголема фреквенција во петокот?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Јуни, 2020
Во петок, првиот ден откако властите дозволија целосно отворање на границите, без обврска за корона тест и задолжителен карантин, најмногу патници поминале на граничниот премин со соседна Србија, Табановце и на Блаце кон Косово.
На Табановце меѓу патниците доминирале македонските државјани.
Ова го покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи за периодот петок кон сабота од полноќ до 12 часот.
Во наведениот период, на Табановце имало 1.645 патници за влез, 1.633 на излез. Возила за излез од земјата имало 686, а за влез 741.
На Ќафасан за влез се евидентирани 648 патници, а на излез 569 патници. Влегле 397 возила, а излегле 309.
На Деве Баир оствариле влез 167 патници, а излегле 70 патници. Границата ја поминале 11 возила кои влегле во Македонија, а имало и 5 за излез.
На граничниот премин Блаце се евидентирани 1.305 патници на влез, и 1.800 на излез. Возила за влез на овој премин имало 631, а за излез 807.
На Богородица влегле 844 патник, а излегле 623. Возилата кои поминале и оствариле влез се 313, а на излез имало 297 возила.
Што се однесува до граничниот премин Меџитлија, до 10 часот во петокот, поминале 29, а на Стар Дојран 124 патници. На овие премини, најизменично патувале и домашни и странски државјани, за влез и излез.
На 1 јули ќе продолжат да работат охридскиот и скопскиот аеродром, кои беа затворени во март поради ширењето на коронавирусот.
Сепак, македонските граѓани немаат голем избор за слободно патување, односно без тест и без карантин можеме да патуваме во Србија, Албанија, Косово и Турција.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.