22 Ноември, 2024
0.1233

ПАУНОВСКИ ЗА ФАКТОР: Се вратив на местото главен инспектор во УЈП Тетово, со Заев повеќе не можам да бидам пријател, а „рамковните“ тргнале на работа во ДПИ

Објавено во: Економија 05 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Три години беше прв човек на Државниот пазарен инспекторат и успеа од него да направи респектабилна институција. Бројот на пазарните инспектори двојно порасна, од 90 на 187, а тие добија и повисоки овластувања и станаа „страв и трепет“ за оние што сакаа да го кршат законот, особено во време на корона и строги мерки за заштита на граѓаните.

Сите веќе знаат како заврши директорувањето на популарниот Стојко Пауновски во Државниот пазарен инспекторат. Тој покажа храброст и одби да прими триесетина „рамковно вработени“ во ДПИ, затоа што немале соодветни квалификации за да работат во таа институција. Пауновски за тоа и јавно проговори, но Владата и премиерот Зоран Заев во тоа препознаа недозволив пркос и одбивање да ги реализира владините одлуки, или, како што го нарекоа, непрофесионално однесување.

Согласно Законот за Државен пазарен инспекторат според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување“, соопштија тогаш од Владата.

Пауновски, пак, тогаш кусо одговори дека ова значи непрепознавање на неговите желби и обиди за создавање на силна, стручна и независна европскаинституција.

Бурата се смири, а Фактор се интересираше што сега прави Стојко Пауновски, човекот кој ги доби симпатиите и наклонетоста од јавноста заради покажувањето интегритет и бранење на своите ставови, што го чинеше губење на директорската позиција.

ЗАДОВОЛЕН СУМ ВО КАКВА КОНДИЦИЈА ГО ОСТАВИВ ДПИ

Пауновски сега, како што изјави за Фактор, е задоволен од тоа во каква кондиција го остави ДПИ, која за време на неговиот мандат зајакна и кадровски и репутациски, па вели, сега на неговите наследници, задача е само да ја одржуваат професионалноста на институцијата.

Има информација дека во ДПИ веќе од трети август почнале да работат триесетината „рамковно“ вработени, но според неговите сознанија, тие нема каде да се сместат.

„Најдобро е за ова да се обратите до институцијата, тие имаат точни информации“, вели поранешниот директор на УЈП.

Инаку, Пауновски, како што вели во разговор за Фактор, се вратил на старото работно место, а тоа е главен регионален инспектор во Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи Тетово, која го опфаќа регионот Тетово, Кичево, Дебар и Гостивар.

Не било проблем да се врати, бидејќи, како што вели, иако во таа регионална дирекција има голем број вработени, па дури и превработеност, нема доволно инспектори кои би оделе на терен по компаниите - да ловат даночно затајување и други неправилности при плаќањето на давачките кон државата.

КАДЕ И ДА ОДЕВ, ПАК СЕ ВРАЌАМ ВО УЈП ТЕТОВО

„Си ја работам работата што знам да ја работам и отсекогаш сум ја работел, а тоа е контрола на компаниите во овој регион. За каде ќе добиеш налог да вршиш контрола, таму ќе отидеш. Налозите обично дел доаѓаат од централата од Скопје, а дел од Регионалната дирекција во Тетово, односно од началникот“, објаснува Пауновски.

Тој вели дека даночен инспектор не може да биде секој. Во хиерархијата на УЈП има помлад инспектор, инспектор, виш инспектор и главен инспектор. Тоа главен инспектор е всушност звање, а не функција.

„Јас таа инспекторска работа долго време ја работев. Уште од 1987 година кога бев началник на Регионалната дирекција Тетово, секогаш, каде и да сум одел, повторно тука сум се враќал, и после мојот пратенички мандат, и сега“, објаснува Пауновсаки.

Вели дека недостигаат даночни инспектори, бидејќи, од 17 колку што биле порано во РД Тетово, сега се многу помалку.

„Иако за инспектор треба да има економски факултет и пет години работно искуство, таа работа не е лесна. Треба да знае добро да ги гледа документите на компаниите. Во поранешна Југославија требаше добро да се искалиме за да бидеме поставени за инспектори“, вели Пауновски.

СО ЗАЕВ НЕ КОМУНИЦИРА, А НЕ Е АКТИВЕН НИ ВО СДСМ

Вели дека е задоволен со својата сегашна работа, а не е голема ни разликата во плата од местото директор на ДПИ, каде земал 54 илјади денари, наспроти сегашната позиција главен инспектор во РД на УЈП Тетово, каде зема плата од 46 илјади денари. Обврските, пак, овде се за реонот кој го покрива РД на УЈП Тетово, додека во ДПИ бил одговорен за активностите на институцијата на цела држава.

Дали има комуникација и дали можеби останал пријател со премиерот Зоран Заев, Пауновски вели дека тоа, едноставно, не е возможно.

„Не можете да имате коумуникација или да бидете пријател со човек кој не ви излегол во пресрет кога требало, и со човек со кој во опиозиција заедно сте се залагале за едни принципи, а сега му се промениле ставовите“, нагласува поранешниот прв човек на ДПИ.

Не е активен ниту во партијата, каде претходно 11 години беше претседател на Општинската организација на СДСМ, бидејќи, вели дека нема логика за такво нешто.

„Јас сум сега член во мирување“, вели на шега Пауновски, но сепак нема никаква намера да влегува во некакви фракции во партијата.

„Ако не можеш нешто да постигнеш додека додека си во власта, уште помалку тоа можеш да го сториш од позиција на ‘опозиција’“, вели за Фактор Пауновски.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат