15 Октомври, 2024
0.0233

Пазарџиите задоволни што ќе имаат бенефициран стаж

Објавено во: Агробизнис 30 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Продавачите на зелените пазари се задоволни што ќе можат да заминат во пензија со бенефициран стаж според измените на законот за пензиско и инвалидско осигурување.

За пензинско и здравствено осигурување ќе треба да плаќаат по околу 2.000 денари месечно колку што е основот за осугурувње за земјоделец-поединец.

 Во фаза на донесување се и измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување каде е вметнат основот за осигурување на пазарџиите.

Од комората велат дека конечно после скоро десет години преговори со властите, ќе се реши статусот на пазрџиите. Со ова законско решение се очекува да се намали сивата економија и да се подобри статустот на продавачите на тезги.

„Законот како таков е фантастичен за пазарџиите. Многу е лесен. Не ни дава никој милостина на нас. Нека не мисли некој дека оваа група на луѓе е привилегирана. Не, не, апсолутно не! Само ние сме се бореле сме ја нашле меодологијата да ги ослободиме луѓето од непотребни давачки што нема да бидат на штета на државата, ни на штета на пазарџиите. Со оваа проблематика што е регулира сега, замислете вие 15 до 20 илјади тезги, по 100 евра персонален данок годишно тоа е добра сума на пари“, рече Екрем Долек, Комора на пазарџи.

Од следната година пазарџиите кои што продаваат на тезги на зелените пазари ќе треба задолжително да имаат лиценца ако сакаат да работат. Покрај тоа тие ќе треба задолжително да плаќаат пензсиско и здравствено осигурување. Лиценцата ќе чини околу 60 евра и ќе се обновува еднаш годишно. 

Можеби ќе ве интересира

КАРЕЛАТА ЈА ИМА И НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Мал број ентузијасти ја садат горчливата диња која помага во борбата со многу болести

КАРЕЛАТА ЈА ИМА И НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Мал број ентузијасти ја садат горчливата диња која помага во борбата со многу болести