Пазарно адаптирање на полупазарните млекопроизводители
Објавено во: Колумни 09 Октомври, 2019
Иднината на полупазарните стопанства е важна заради нивната улога кај заштита на селската заедница што се акцептира и во заедничката аграрна политика на ЕУ. Тие играат голема улога во развој на земјоделството во поранешните социјалистички земји како резултат на расподела на земјоделското земјиште. Во принцип, станува збор за ситни земјоделски стопанства со производство за сопствена консумација и ниско ниво на пазарно учество. Нивната специјализација е со одредени производи, тие стопанства можат да се интегрираат во пазарни услови и да постигнат добри економски резултати. Од една страна тоа бара специфична умешност и знаење од земјоделците како и пристап до платежно способен пазар. Искуството од Франција покажува дека малите француски фармери најчесто прилагаат три стратегии за диверзификација. Првата е поврзана со разработка на селски туризам кој вклучува освен хотелиерство, отварање на мали работилници и магазини. Втората стратегија е сврзана со производството на високо квалитетни производи или такви со локални карактеристики и третата стратегија е комбинирано земјоделство со неземјоделска дејност.
Полупазарните стопанства треба да надминат 3-4 пречки за пазарна интеграција: транзициони трошоци, неспособноста да ги обезбеди стандардите за квалитет и беспарична корист од консумирање сопствено произведена храна. Суштествува и четвртата причина поради произвоство на свежа храна во изолирани општински подрачја. На прво место кај трансакционите расходи сврзани со барањето на потенцијални партнери, собирање на ценовни информации, договарање и трошоци за склучување на договори. Тука се вклучени транспортните трошоци, кои се особено големи за земјоделците во оддалечените реони.
Кооперирањето помеѓу полупазарните стопанства е од основно значење за подобрување на нивниот пристап до пазарот. Потребна е да се стимулира нивната комерцијализација, потребна е концентрација врз политиката за намалување на трансакционите трошоци, преку нивно намалување за сметка на транспортот и стимулирање на кооперативните пазари.
Стандардите за земјоделските стопанства, можно е да делуваат како бариера пред полупазарните стопанства за нвното учество на пазарот. Земјоделските стопанства можат да се прилагодат за: квалитет, (на пример: за органолептички и козметички) безопасност на храната, автентничност на производниот процес. Традиционално државните органи воведуваат и наложуваат придржување кон тие стандарди. Парарелно со тие приватни стандарди, вклучително и меѓународни договори како на пример “Глобал гап” или такви специфични стандарди на купувачите, стануваат се почесто користени во меѓународните супермаркетови ланци за доставување на храна.
Пречката за ниско ниво на учество на пазарот се состои и во тоа, дека некои производители можат да бидат задоволени поради тоа дека конзумираат храна која ја произвеле сами. Ценовната информација, трансакционите трошоци и аграрната политика немаат тежина кај решавањето за тие фармери. Често се тоа таканаречени градски фармери, кои произведуваат земјоделски производи како хоби и важни се за градско-селските односи, а во врска и со градската вработеност.
Производството на млеко и неговата преработка бараат високи суми инвестиции за закуп на специфични активи. Кога се има предвид дека млекото е брзо расипливо (нетраен производ), тоа се преработува во производната зона.
Само со преработеното млеко се тргува на долги растојанија , како во форма на сирења, путер и млеко во прав. цените во различни пазари доста варираат. Затоа е трудно и скапо за оделни земјоделски производители да добијат точна информација на пазарот.
Според истражувањето на овие млечни полупазарни стопанства во Европската унија заклучено е: дека кај добра организација на производството и примена на соодветна пазарна стратегија полупазарните стопанства можат да бидат рентабилни и да продолжат да се развиваат во мали пазарни стопанства. Основната задача која е пред нив е да ја модернизираат својата дејност за да одговорат на потребата за производство на квалитетно млеко.
Големината на стопанствата не е единствен и основен фактор за остварување на ефективно производство. Потребно е големината да биде синхронизирана со останатите фактори на производство како што се:
-Искористувањето соодветни раси со генетски предиспозиции за висока млечност;
-Осигурување на редовно и балансирано хранење, ускладено со барњата и генетската можност на расата;
-Да се применува соодветен начин на одгледување на животните со давање предност на шталско-пасишното;
-Да се користат апарати за мелење и разладни канти за да може да се одговори на хигиенските барања.
Потребно е примена на специјална политика поврзана со зачувувањето на полупазарните стопанства и нивно постепено интегрирање на пазарот како пазарни.
Реалноста налага да се помагаат за да можат барем дел од нив да го модернизираат производството и да го подигнат нивото на квалитетот на млекото. За постигнување на тоа потребно е фармерите да бидат помогнати, целта да ја постигнат со обука (спроведување на специјални курсеви), за да можат да се запознаат со различни мерки и како да конкурират за нив.
За да се интегрираат на пазарот треба да се побараат начини на помагање за ефективни пазарни стратегии, за да можат фармерите реално да имаат полза од тие средства. Тоа зависи од желбата на фармерите и нивната активност, како и да се бараат начини за стимулирање на нивното излегување на пазарот со заеднички трговски мерки “свежо пресно млеко” со гарантиран квалитет и потекло. Приоритет на државните институции треба да биде: стимулирање на фармерите да бараат и да поддржат барања поврзани со прехрамбена сигурност. Усогласено со добар маркетинг и примена на мерката “Свежо млеко” да се осигураат високи откупни цени на суровото млеко.
За решавање на долгорочен план на проблемите сврзни со полупазарните стоапнства треба да се разработи програма за нивно помагање со цел за зголемување на нивната пазарна интеграција и покривање на барањата сврзани со хигиената на млекото и одгледувањето на животните. Овие стопанства што не можат да ги достигнат повисоките стандаради, да им се помогне за преорентација во друго производство.