ПАЗАРНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Објавено во: Колумни 16 Февруари, 2018
Една од специфичностите на земјоделството
е што производителите се конзументи на своето примaрно производство
или гo
преработуваат. Затоа дел од производството не се појавува на пазарот, а дел стасува на
пазарот како преработено,што има влијание на пазарноста. Под пазарност
подразбираме дел од производството на примарните земјоделски производи што се
откупува и се регистрира од официјалната статистика, а се утврдува со пресметка
на процентуално учество на откупените количини во вкупното производство на
соодветниот производ. За таа цел е потребно располагање со официјални податоци
на произведените количини на примарните производи и со количините откупени
производи, исто така од официјалната статистика.
Истражувањето и пратењето на движењето на пазарноста за подолг период може да овозможи донесување на државни мерки и активности за зголемување на пазарноста во колку тоа е ниска како во случајот на Македонија, каде пазарното производство се очекува од многу голем број ситни земјоделски производители кои своето производство пред се го наменуваат за натурална потрошувачка на семејството. Затоа ништо не е чудно што ние немаме доволно производство за извоз и за прехрамбената индустрија, па имаме голем дебаланс помеѓу извозот и увозот на храна кој изнесува 44,2 % (извоз 384.568 милиони долари, увоз 688.724 милиони долари 2016 година)
За анализите на движењето на пазарноста избравме седумнаесет производи кои се од најголемо значење на македонското земјоделство и поради исхраната на населението и поради потребите на извозот, но и поради што го карактеризираат асортиманот на производството. Анализата се однесува на последните 7 години (2010-2016) од официјалните податоци во статистичките годишници на РМ.
Таб.1 Движење на обемот на производството и откупот на поважни производи
Производ |
Показател |
2010 |
2011 |
2012 |
2013 |
2014 |
2015 |
2016 |
Пченица во 000 тони |
Производ. Откуп |
243 94 |
256 112 |
215 87 |
259 100 |
288 147 |
201 110 |
306 88 |
Пченка во 000 тони |
Производ . Откуп |
129 6 |
126 3 |
116 5 |
131 3 |
137 3 |
134 6 |
149 6 |
Сончоглед во тони |
Производ. Откуп |
7592 5458 |
8497 3753 |
4765 5460 |
3832 2700 |
9268 8064 |
8499 6729 |
6266 2359 |
Компир во тони |
Производ Откуп |
200.000 53 |
193.00 153 |
165.000 121 |
190.000 295 |
199.000 879 |
189.000 105 |
197.000 90 |
Домати во 000 тони |
Производ Откуп |
168 11 |
166 18 |
146 15 |
131 20 |
161 16 |
173 18 |
162 20 |
Пиперки во 000 тони |
Производ Откуп |
168 3 |
154 10 |
166 8 |
152 10 |
176 7 |
189 16 |
182 25 |
Бостан во 000 тони |
Производ Откуп |
135 3 |
127 5 |
128 4 |
127 10 |
137 3 |
131 5 |
140 7 |
Зелка во 000 тони |
Производ Откуп |
107 1 |
107 2 |
94 2 |
120 6 |
115 8 |
145 5 |
140 9 |
Луцерка во 000 тони |
Производ. Откуп |
124 2 |
129 1 |
116 1 |
113 1 |
131 1 |
111 1 |
112 1 |
Јаболки во тони |
Производ. Откуп |
121.000 2082 |
125.000 1170 |
127,000 1427 |
113.000 2063 |
96.000 622 |
137.000 394 |
101.000 1274 |
Вишни во тони |
Производ. Откуп |
5207 870 |
6519 578 |
8139 556 |
8867 565 |
8024 668 |
8448 1690 |
8074 4101 |
Сливи во тони |
Производ. Откуп |
38431 176 |
35448 302 |
35444 475 |
38902 494 |
33181 232 |
41477 1284 |
33684 1158 |
Праски во тони |
Производ. Откуп |
10213 104 |
9039 531 |
8987 1331 |
11034 2280 |
11558 2076 |
12006 1166 |
12108 1621 |
Грозје во 000 тони |
Производ. Откуп |
253 40 |
235 45 |
240 37 |
292 67 |
196 68 |
325 96 |
333 78 |
Кравјо млеко во милион литри |
Производ. Откуп |
347 84 |
376 106 |
350 106 |
381 114 |
387 136 |
361 137 |
403 148 |
Месо вкупно во 000 тони |
Производ. Откуп |
23 10 |
22 6 |
23 11 |
21 9 |
22 7 |
21 8 |
22 8 |
Јајца во милиони броја |
Производ. Откуп |
336 101 |
296 73 |
237 68 |
216 84 |
248 75 |
203 81 |
178 117 |
За потребите на оваа анализа прикажани се движењата на вкупната продукција на производствата опфатени со анализата (таб.1) што дава можност да се оцени движењето на вкупното производство. Податоците укажуваат на релативно нестабилен обем на производството особено кај сончогледот, градинарските култури, кај кои има релативно зголемување на вкупната продукција, како и кај овошките и грозјето. Релативно стабилна е продукцијата кај добиточните производи, но со намалување на бројот на јајцата. Земјоделството и денес зависи од метеоролошките услови,меѓутоа големите осцилации на приносите и вкупното производство ја покажуваат немоќта на производителите да ги ублажуваат природните влијанија на поради ниско ниво на технологија, техника и знаења.
Обемот на откупеното производсто зависи не само од обемот на производството туку и од обемот на побарувачката на производите на пазарот.
Очекувано беше, дека процентот на учество на откупните количини (таб.2) во вкупната продукција ќе биде ниска поради најголем обем на производството од релативно ситни семејни стопанства чија примарна цел е задоволување на сопствените потреби. Најголем процент на откупени количини на производите е кај индустриските култури ( кај нас се од значење само сончогледот и тутунот) имено кај сончогледот учеството е доста променливо па се движи од 37,6 до 94,5%, додека кај тутунот е над 95% поради што го изоставувале од споредба, како општо позната состојба. Кај пченицата учеството е релативно високо. Како што се гледа (таб.2) производителите обезбедувале за сопствени потреби околу 50% од своето производство, а околу 50% за пазар. За разлика од пченицата, кај пченката за пазар произведувале под 5% од нивното произвоство. Ниско учество на отуп имаат градинарските култури и овошјето, освен праските, кои најчесто вишоците ги продаваат на зелените пазари, како и преработки во домашни услови.
Грозјето учествува во откупот со над 20%, а во последните години расте до над 30%.Кај Кравјо млеко на пазарот земјоделците обезбедуваат околу 30% од своето производство.
Производ |
2010 |
2011 |
2012 |
2013 |
2014 |
2015 |
2016 |
Пченица |
38,7 |
43,8 |
40,5 |
38,6 |
51,0 |
57,7 |
28,7 |
Пченка |
4,6 |
2,4 |
4,3 |
1,0 |
2,2 |
4,5 |
4,0 |
Сончоглед |
71,9 |
40,6 |
94,5 |
70,5 |
87,0 |
78,2 |
37,6 |
Компир |
0,02 |
0,08 |
0,07 |
0,8 |
0,4 |
0,05 |
0,04 |
Домати |
6,5 |
10,8 |
10,3 |
15,3 |
9,9 |
10,4 |
12,3 |
Пиперки |
1,8 |
6,4 |
4,8 |
6,6 |
4,0 |
8,5 |
13,7 |
Бостан |
2,8 |
3,9 |
3,1 |
7,8 |
2,2 |
3,8 |
5,0 |
Зелка |
0,9 |
1,9 |
2,1 |
5,0 |
7,0 |
3,4 |
6,4 |
Луцерка |
1,6 |
0,8 |
0,9 |
0,9 |
0,9 |
0,9 |
0,9 |
Јаболки |
1,7 |
0,9 |
1,1 |
1,8 |
0,6 |
0,3 |
1,3 |
Вишни |
16,7 |
9,3 |
6,8 |
6,4 |
8,3 |
20,0 |
50,8 |
Сливи |
0,6 |
0,9 |
1,1 |
1,3 |
0,7 |
3,1 |
3,4 |
Праски |
1,0 |
5,9 |
14,8 |
20,7 |
18,0 |
9,7 |
13,4 |
Грозје |
15,8 |
19,7 |
15,4 |
22,9 |
34,7 |
29,5 |
23,4 |
Кравјо млеко |
2,4 |
28,2 |
30,3 |
29,9 |
35,1 |
29,6 |
36,7 |
Месо |
43,4 |
27,3 |
47,8 |
42,9 |
31,8 |
38,1 |
36,4 |
Јајца |
38,1 |
24,3 |
28,6 |
38,9 |
30,2 |
39,9 |
65,7 |
Таб.2 Учество на откупните количини во обемот на производството
во проценти
Кај месото процентот на откуп е релативно висок, во некои години над 40%. Кај јајцата пазарноста е во просек над 30%, а во последните години има сериозно зголемување.
Заклучок: Македонското земјоделство претставено со најважните растителни и добиточни производства покажува ниско ниво на пазарност поради системот на ситно натурално производство. Ако се проследат аналитички последните години може да се види дека пазарноста се подобрува , но не е доволна поради што аграрната политика треба да ги изнајде формите на поддршка за зголемување на пазарноста на производството.
Проф.Д-р.Борис Анакиев
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.