Пазарот страда, нафтата пак на дното!
Објавено во: Економија 06 Март, 2016 11:01
Цените на стоковите пазари оваа недела поднесоа сигнали кои експертите ги толкуваат како ценовно дно на нафтата, пишува „Financial Times“.
На пример, кога во средата излегоа податоците за најзначителниот раст на резервите на сурова нафта во САД од Големата депресија, треба да се очекува пад на цените на нафтата. Сепак, очекувањата за протокот на продажба на „црното злато“ не се остварија.
По познати флуктуации на цените на нафтата, трговците се повеќе се склони кон тоа да се обложуваат на падот на цените на глобално ниво, кое трае веќе 20 месеци. Пазарот на нафта се уште страда од пренатрупаност на залихи, но некои големи трговци и истакнати аналитичари веќе се подготвени да размислат за други фактори.
„Кога цените на нафтата паднаа под 30 долари за барел, дојде чувството дека пазарот е презаситен“ - коментира експертот Џонатан Вајтхед.
Во јануари нафтата од типот „Брент“ падна под 27 долари за барел, но оттогаш се зголеми за повеќе од една третина - до околу 37 долари, но ако се вратиме кон некогашните врвови од над 100 долари за барел е сеуште многу далеку.
Акциите на големите нафтени компании - BP, Chevron, ExxonMobil, Royal Dutch Shell - забележаа пораст од крајот на јануари со 10-30%.
За растот на нафтениот пазар, работат неколку фактори, пишува „FT“. Еден од нив е позицијата на Саудиска Арабија, која не е подготвена да го намали производството, но се согласи да го запре расто. Вториот - првото значително намалување на производството во САД во декември 2015 година за речиси 8 години.
„Производство на нафта во САД паѓа и ќе продолжи да се намалува во долг период на време“, - рече аналитичарот Пол Хорснел од „Standard Chartered“.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




