Печатот во цела Европа му се поклонува на Меси
Објавено во: Спорт 20 Октомври, 2016
Медиумите во Европа беа пресреќни по победата на Барселона со 4:0 над Манчестер Сити и почна со пофалбите на адреса на аргентинската ѕвезда на Барселона, Лионел Меси. Волшебникот со бр.10 на грбот реализира хет-трик против „граѓаните“, нанесувајќи нов тежок пораз на тимот предводен од локалниот миленик Пеп Гвардиола. Последниот таков беше пред година и пол, кога Баерн Минхен загуби од „лос кулес“ со 0:3.
„Во името на Лео“, гласи насловот на едно од најпознатите мадридски изданија Marca, а во прилог од изданието признаваат дека „Меси си прави што сака“ и дека токму тој ги диктира случувањата во светскиот фудбал во наши денови.
Друго од блиските до Реал Мадрид изданија - AS, пак излезе со водечка вест дека „Фудбалот е на Меси“. „Никој не игра како него, никој не е толку насочен, никој не може да го запре. Она што го направи десетката на Барселона вчера е според сила на многу малку луѓе - Мохамед Али, Мајкл Џордан, Усаин Болт, Кенениса Бекеле, Дражен Петровиќ и ... Меси“, гласи референцата кон редица други култни личности во спортската историја.
„Разликата? Меси!“, пишува El Periodico De Catalunya. „Нема пари со кои може да биде купен Меси“, зрачи од страниците на La Vanguardia, додека во репортажа на El Pais е опишано следново: „На него му се допаѓа да игра против Гвардиола и да покажува дека е најбрилијантниот диригент во историјата на Барселона“.
Популарниот каталонски весник El Mundo Deportivo напиша дека „Меси го тероризирал Гвардиола“, а на првите страници на друго локално издание SPORT стои краткото и јасно „Боже мој!“.
Французите од L'Equipе напишаа дека „Меси сам го победил Сити“, а Италијанците од La Gazzetta Dello Sport се заиграа со насловот уште повеќе - „Ураганот „Меси“ го удри Гвардиола“, објавена на Апенините.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.