26 Јуни, 2024
0.0276

ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ ДОБИ УШТЕ ЕДЕН ПРОДЕКАН: Професорката Розалина веста ја сподели на Фејсбук

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Проф. д-р Розалина Попова-Коскарова, стана продекан за наука и меѓународна соработка на Педагошкиот факултет во Скопје.

„Голема чест и задоволство е мојот денешен избор за продекан за наука и меѓународна соработка на Педагошкиот факултет во Скопје, заедно со останатите колеги продекани: проф.д-р Љиљзим Алиу и доц.д- р Весна Хорватовиќ.Заедно со деканката Билјана Камчевска ќе се потрудиме нашиот факултет да биде пријатно место за студирање, за наука и размена на искуства на задоволство на целиот колектив“, напиша таа на Фејсбук.


Инаку, таа е родена 1966 г. во Кавадарци. Додипломски студии завршува на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за педагогија. Магистрира во 1993 г. на истиот Факултет, а во 2001 г. ја одбранила докторската дисертација со наслов: Теоретските проблеми во конципирањето на современото интелектуално воспитание и се стекнала со научниот степен доктор на педагошки науки. Во 1996 г. е избрана за асистент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, по предметите Општа педагогија и Методика на воспитна работа. Во 2002 г. се стекнува со звањето доцент, во 2006 г. вонреден професор, во 2011 г. е избрана во звањето редовен професор за првпат, а во 2016 г. за редовен професор по вторпат. Учествувала со свои трудови на научни конгреси во Србија, Бугарија, Хрватска, Турција, Унгарија и Словачка. Автор е на учебниците „Општа педагогија“ (2011), „Стратегии, техники и модели за успешно менаџирање во одделението и класот“ (2008) и „Комуникација во туризмот“ (2006). Учесник е и раководител на голем број домашни и меѓународни проекти. Остварила студиски престој во Шведска во 1999, 2002 и 2015 година. Назначена е за член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование од страна на Владата на РМ во август, 2017 година. 

ФОТО: Фејсбук, приватна архива

Можеби ќе ве интересира

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството