19 Декември, 2025
0.0550

ПЕКАРИТЕ ОСТАНУВААТ НА ОДЛУКАТА - ЗАТОА НЕМА ЛЕБ ВО МАРКЕТИТЕ, Пазарниот инспекторат на терен

Објавено во: Економија 01 Март, 2023 13:39

Добивај вести на Viber

Пекарите не испорачуваат леб согласно нивната одлука од понеделникот со која се договорија дека ако се замрзнат цените леб нема да произведуваат. 

Тоа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите ја почитуваме одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора,  изјавија за МИА претставници од пекарската индустрија.

Според нив, засега промена на одлуката нема.

Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) врши интензивни контроли - дали на терен се почитува владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, донесена вчера.

- Пекарите едноставно си ја почитуваат одлуката. Одлуката е донесена во понеделникот и промена на одлуката засега нема. Уште еднаш ќе повторам, тоа што нема леб на полиците во маркетите значи дека пекарите си ја почитуваат одлуката, истакна за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Државниот пазарен инспекторат, како што информираат од таму за МИА, со сите капацитети е на терен и врши контроли на почитувањето на владината одлука. Од ДПИ најавуваат дека јавно ќе ги соопштат податоците од теренските инспекции кон крајот на денов.

Владата вчера донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши соопштија дека одлуката ќе важи заклучно со 31 мај годинава. Причина за замрзнување на цената е непочитувањето на договорот да се намалат цените на основните прехранбени производи согласно субвенционираната струја што ја добиваа компаниите. 

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии