„ПЕЛИСТЕРКА“ ЌЕ МЕНУВА ЧЛЕНКА НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ ПРЕД ИСТЕКОТ НА МАНДАТОТ - еве како ќе се распредели ланската добивка
Објавено во: Економија 29 Мај, 2024 12:42
На 28 јуни оваа година, акционерите на компанијата „Пелистерка“ ќе одржат Собрание, а една од одлуките која ќе биде ставена на гласање, е разрешување на една од директиорките од член на Одборот на директори, и тоа пред истекот на нејзиниот мандат.
Станува збор за Габриела Петреска.
„Се разрешува членот на Одборот на директори на Пелистерка АД Скопје: Габриела Петреска, пред истек на мандатот за кој е именувана. Се констатира престанок на вршење на функцијата и престанок на мандатот на Габриела Петреска, член на Одборот на директори, сметано од 28.06.2024 година“, се вели во предлог одлуката за која ќе треба да се изајснат акционерите.
Инаку, акционерите ќе гласаат и за тоа како да се распредели добивката која лани ја оствари ова акционерско друштво, а предлог одлука е тоа да се направи така што како задолжителен резервен фонд ќе одарт 5 проценти, а за сите други 95 отсто се предлага да остане како нераспределена добивка.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




