ПЕНДАРОВСКИ: Филипче не го споменува фактот дека контактите со најголемите фармацевтски компании се направени преку мојот кабинет
Објавено во: Македонија 30 Март, 2021
Откако министерот за здравство, Венко Филипче реагираше дека е изненаден од изјавата на шефот на државата, Стево Пендаровски кој рече дека сликите од Србија каде се вакцинираа македонските граѓани се срам, следи објаснување од кабинетот на Пендаровски.
„Претседателот Стево Пендаровски во целост се согласува со изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани. Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење. Во однос на процесот на набавка на вакцини, претседателот Пендаровски е крајно зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември минатата година се направени преку Кабинетот на претседателот и од тогаш до денес претседателот Пендаровски е активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство“, наведуваат оттаму.
За време на викендот над 22.000 луѓе од регионот се вакцинираа во Србија. Неколку илјади македонски граѓани примија вакцина во Србија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.