Пендаровски: Ако има потреба ќе препорачаме кризна состојба и за други општини

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Март, 2020 18:47
Претседателот Стево Пендаровски вечерва по Советот за безбедност изјави дека заклучокот за Дебар и Центар Жупа е дека има одлична соработка меѓу институциите.
Вели дека поставеноста на државата во овој момент е соодветна.
За заразените наведе дека епод потребен здравствен мониторинг.
Ако има потреба, може да се препорача прогласување кризна состојба и во други општини.
Вели дека не треба да се избрзува со прогласување на кризна состојба.
Додаде дека дури и без вонредна состојба, може да се ограничи движењето на граѓаните од една во друга оппштина.
„Прва, основна причина е дека нема потреба и второ јасно е секаде во светот за жал, кризата ќе трае. Кризата не е тука за недела, или две“, изјави претседателот.
Рече дека се мобилизирани максимално кадрите во здравството.
Ги повика граѓаните да ги следат упатствата, мерките, да не патуваат надвор без потреба.
На сите присутни на Советот за безбедност им беше измерена температурата.
Ако има потреба, Советот ќе се состанува секој ден, ќе следи што се случува.
Можеби ќе ве интересира
КОЦЕВСКИ: Стигна одговорот од Бугарија за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ

ТАРАВАРИ: Алијанса на Албанците дефинитивно на локални оди сама со свои кандидати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсени уште седум полицајци за пожарот во Кочани

СРЦЕ СО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И РОЗИ: Затворот во Шутка им оддаде почит на загинатите во Кочани

(ВИДЕО) МАКЕДОНИЈА И ОАE ПОТПИШАА ДВА ДОГОВОРИ: За какви соработки станува збор?

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Коцевски кажа дека уште седум лица ќе бидат приведени

ДОБИЛЕ ТЕЛЕФОНСКА ПРИЈАВА ЗА СИЛУВАЊЕ И НЕ ПРЕЗЕМАЛЕ МЕРКИ: Кривични пријави за социјални работници од Македонски Брод

СПОМЕНИК ВО ЧЕСТ НА ПРОГОНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА: Некој ја одзел плочата во паркот „Жена борец“

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДИСКРЕЦИСКАТА МОЌ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ ПРИ УНАПРЕДУВАЊЕ - антикорупционерите бараат законски измени
