07 Октомври, 2024
0.1366

Пендаровски: Договорот со Бугарија го постигнавме полесно од „преспанскиот“, но имплементацијата ќе оди потешко

Објавено во: Македонија 26 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, во своето обраќање до македонските амбасадори како гостин кај министерот за надворешни работи Никола Димитров, рече дека договорот за добрососедство со Бугарија бил постигнат многу побрзо и полесно од „преспанскиот“ со Грција, но неговата имплементација очекува да се одвива доста потешко.

„ Имплементацијата на договорот со Бугарија ќе оди потешко, иако полесно беше постигнат отколку оној со Грција. Во работата на комисиите на историчари има политички влијанија. Околностите и амбиентот не е таков како пред пет-шест месеци. Но, ние ќе создадеме амбиент тој да се постигне. Не смееме да пропуштиме било што во тие преговори кои се многу битни. Тоа што ќе го потпишеме треба да трае, не треба ад-хок решение кое ќе се сруши. “, рече Пендаровски.

Шефот на државата за внатрешните попречувања рече дека случајот „Рекет“ не може да го попречи патот на евроинтеграциите на Македонија и доделувањето на датум за преговори од ЕУ во октомври, но дека и понатаму ќе има предизвици.

„Не значи дека по датумот некоја од земјите членки не може да не блокира додека траат преговорите. Тоа може да се случи по само неколку месеци“, истакна Пендаровски.

Додаде дека во моментов земјата има испразнети 26 амбасадорски позиции во дипломатските преставништва.

„Во завршна фаза сме со министерот Димитров да ги преполовиме испразнетите места. Околу 15 или 16 позиции ќе решиме овој или следниот месец. Некои позиции во некои амбасади се затвораат поради тоа што не се исполнија очекувањата. Наместо тоа, ќе ги засилиме персоналот во други амбасади“, најави тој.

Можеби ќе ве интересира

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода