Пендаровски и вработените од Кабинетот останаа без плата
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2023 13:41
Вработените од Кабинетот на претседателот Стево пендаровски не ја добиле јануарската плата иако секогаш редовно ја добивале на 1-ви од месецот. Од таму велат дека причината е што биле побарани зголемени плати за 5 отсто, а од Министерството за финансии добиле одговор дека за тоа во буџетот за 2023 нема доволно средства.
Побарале образложение зошто им доцни исплатата, на што добиле објаснување. Од Кабинетот на Пендаровски велат: „Образложението што го добивме од Министерството за финансии е дека во буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано“.
„Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот колективен договор со Синдикатот на вработените предвиде покачување од 5 % на платата само за државните службеници што се вработени во Кабинетот на претседателот. Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот. Средствата за буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии“, додаваат од претседателскиот Кабинет.
Тие додаваат дека барање за исплата на плата е изработено во согласност со законот.
„Барањето за финансиски средства за плата за јануари 2023 година, кое Кабинетот на претседателот го достави до Министерството за финансии, е изработено во согласност со законот во рамките на одобрените средства во буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, буџетскиот корисник – Претседател и во согласност со колективниот договор за вработените при институцијата Претседател на Република Северна Македонија“, додаваат од Кабинетот.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




