20 Мај, 2024
0.0286

Пендаровски: Имаме седум народи во Уставот, проблем ли е да ставиме уште шест?

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Шефот на државата, Стево Пендаровски верува во членство во ЕУ пред 2030-та ако нема опструкции од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека е реално Македонија да стане членка на ЕУ во 2030, па дури и порано, доколку опозицијата го одблокира процесот. Според него, потврда за тоа се изјавите кои доаѓаат од блиските соработници на францускиот претседател Емануел Макрон и од врвот на Европската Унија.

„Без внатрешни опструкции какви што гледаме за жал од македонската опозиција, можно е и пред тој рок и за тоа потврда и е госпоѓата министерка за Европа на Франција која рече дека може некои од државите на Западен Балкан да влезат пред 2030 година“, кажа Пендаровски.

Пендаровски не гледа ништо спорно во изјавите на Макрон за Европа со повеке брзини. Кажа дека тие погрешно се интерпретираат во јавноста заради добивање политички поени. 

„Ниту еден од европските официјални лица не рекол дека Западен Балкан нема да влезе, ниту една од шесте држави додека ние внатрешно не се доуредиме“, рече претседателот. 

Вели дека  идејата на Макрон за реформи во ЕУ е стара и е позната. 

„Имаме седум народи во Уставот, проблем ли е да ставиме уште шест. Како тоа ќе ја загрози Македонија. Ако имаш политички причини, чекајќи ги следните избори за да дојдеш на власт, а потоа да му ја мислиш за Европа и две-третини Устав, тоа е друга работа“, изјави Пендаровски.

Макрон во неодамнешниот говор пред амбасадорите во Париз ја реактивираше  идејата дека  без внатрешни реформи Унијата не може да се проширува. Франција и Холандија претходно имаа резерва за проширувањето на ЕУ. Опозицијата кај нас тврди дека нема да поддржи уставни измени и бара брзи избори. Tие се против внесувањето на Бугарите во Уставот. Претходно, имаше најави од европски политичари дека ако Македонија не го реализира ветеното, Албанија сама ќе продолжи кон ЕУ. 

фото Фејсбук/Стево Пендаровски

Можеби ќе ве интересира

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење