Пендаровски: Можно прогласување на кризна состојба
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Март, 2020 12:42
Во одредени подрачја или на цела територија е можно да се прогласи кризна ситуација.
За ова пред малку информираше шефот на државата кој кажа дека за во понеделник е закажана седница на Советот за безбедност.
На седницата, според кажаното од Пендаровски се повикани сите министри, како и министерот за здравство, Венко Филипче и началникот на Генералштабот.
Пендаровски од министерот за здравство ќе бара отчет што се е преземено досега во врска со ситуацијата во државата, односно за непознатиот вирус корона.
-Доколку се влоши ситуацијата ќе се прогласи кризна состојба во одредени подрачја или на цела територија, а притоа армијата да помогне. Ако затреба, ќе се прогласи и вонредна состојба. Во понеделник ќе се разговара за сите овие теми, но сепак Советот за безбедност ќе ја донесе одлуката како надлежен-кажа Пендаровски.
Пендаровски смета дека во моментов нема потреба од вонредна состојба. Доколку дојде до тоа, Собранието, повторно ќе се состане.
Полициски час сепак, претседателот смета дека нема да се воведе, туку побара од граѓаните поголема одговорност.
Во однос на изборите, Пендаровски е скептичен дали може да се реализираат ефикасно во ваков амбиент.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





