Пендаровски повика да нема прекини до целосна имунизација, сликите од Србија ги нарече срам
Објавено во: Македонија 30 Март, 2021
Претседателот на државата Стево Пендаровски по седницата на советот за безбедност изјави дека прекини во процесот на вакцинација не смее да има до целосна имунизација.
Министерот за здравство, Венко Филипче му ветил дека досега ниту еден болен не бил и нема да биде оставен без да му се пружи помош.
„Тоа што се случуваше во Србија, тие слики, тоа е срам“, рече Пендаровски и се заблагодари на северниот сосед.
Повика приватните здравствените установи да се откажат од прифитот и да помогнат на болните од ковид.
„Во време на колективни страдања не треба семејните трагедии да ги користиме за личен профит и делење дивиденди“, вели претседателот.
Ги повика политичарите да дадат пример со почитување на мерките. Очекува дека утре премиерот Зоран Заев со Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе постигне договор, затоа што не може Собранието да биде блокирано поради еден предлог на опозицијата. Доколку имунизацијата не оди како што треба, рече дека идните денови јавно ќе ги посочи одговорните и дека не смеат да ги разочараат граѓаните. Најави дека и политичарите ќе се пријават и јавно ќе се вакцинираат. За одложувањето на пописот кажа дека е добро тоа што дотогаш ќе се спроведува вакцинација.
Вели дека поминуваме низ најсилната фаза од пандемијата и здравствените капацитети се оптоварени до максимум.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.