Пендаровски: Прв да се вакцинирам против Ковид-19 во Македонија
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2020
Претседателот Стево Пендаровски во синоќешната емисија „Тема на денот“ во рамки на дневникот на ТВ Сител рече дека анкетитите покажуваат дека помал дел од населението е подготвено да ја прими вакцината против Ковид-19, па според тоа, тој сака да биде првиот граѓанин на земјата кој ќе го направи тоа за да биде позитивен пример.
- Јас би сакал да бидам прв што ќе ја прими вакцината кај нас. Не затоа што сакам прв да се заштитам, бидејќи кај мене се влегува со строги протоколи, туку само за да ја кренеме свеста. Бидејќи видов процент дека мал дел од граѓаните се спремни да ја примат вакцината. Ако е тоа возмонжно, па и да се направи некој спот. Станува збор не само за мене, туку и за моето семејство, предложи шефот на државата.Со таквиот пример, Пендаровски верува дека ќе даде придонес во кревањето на свеста кај граѓаните.